ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Надзорен одбор го усвои Финансискиот извештај на ЗЕЛС
27 април 2018
 

Надзорниот одбор на ЗЕЛС на 26 април, 2018 година, во хотелот Александар палас“ ја одржа втората седница на која беше разгледан Финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2017 година. Присутните посочија дека во минатата година значително е забележано намалување на приходите по основ од членарина на општините, за што укажа дека треба да се преземаат соодветни мерки за надминување на ваквата состојба. Извршната директорка, Душица Перишиќ посочи дека на предлог на Управниот одбор на ЗЕЛС, сите единици на локална власт, кои имаат долг кон ЗЕЛС по овој основ се информирани за неговата висина но и за можностите за склучување на спогодби за исплата на долгот на соодветен број на рати. Таа ги информираше присутните и активностите реализирани во 2017 година утврдени во публикацијата „ Годишен извештај на ЗЕЛС за 2017 година“ а го образложи детално и финансискиот извештај. Беше истакнато дека ЗЕЛС во текот на 2017 година имаше намален обем на активности заради одржаните локални избори но и поради политички околности во земјата. Расходите беа соодветни на активностите, па најголем дел од средствата беа наменети за тековни оперативни трошоци за објектот и работата на администрацијата на ЗЕЛС, потоа за одржување на информациските системи со кои управува Заедницата, за потребите на општините, каде се вклучени и трошоците за обезбедување на клауд платформата. Исто така, средства се потрошени и за организирањето на конференции, на семинари, на обуки за општинската администрација и за плаќање на членарина, во меѓународните организации во кои ЗЕЛС членува.

Надзорниот одбор едногласно ја усвои содржината на Годишниот и Финансискиот извештај на ЗЕЛС за периодот на 2017 година со предлог до Генералното собрание истите да ги усвои.







назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.