ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат јулскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
30 јули 2018
 

 

Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа шестата седница, каде една од клучните точки на дневниот ред беше разгледувањето на финансиските предизвици со кои се соочуваат локалните власти во областа на образованието, а посебен акцент беше ставен и на долговите за превозот на учениците. На седницата присуствуваше и министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Беше констатирано дека станува збор за алармантна состојба, бидејќи голем број на општини се соочуваат со огромни наталожени долгови на училиштата. Управниот одбор формираше работната група, составена од градоначалници и претставници од МОН, со задача да бидат предложени најсоодветни решенија за надминување на овие состојби. Работната група се состана и донесе предлози за краткорочни и за долгорочни мерки. Пред сè беше предложено, Владата на Република Македонија под итно да ги сервисира долговите на општините кои се со блокирани сметки и кои не можат да ги извршуваат своите надлежности, како и долговите на образовните институции со блокирани сметки. За понатаму да не може повторно да се генерираат нови долгови беа предложени одредени иницијативи за законски измени и донесување на правилници, особено во делот на уредувањето на превозот на учениците. Овие предлози ЗЕЛС во писмена форма ги достави до Претседателот на Владата на Република Македонија и до министрите: за образование и наука, за транспорт и врски и за финансии, со барање итно да бидат прифатени.

Во месец јули ЗЕЛС реализираше и други активности. Комисијата за финансирање при ЗЕЛС ја одржа втората седница на која беа разгледани повеќе предлог-уредби за блок дотациите за локалните власти, за 2019 година. Беше констатирано дека немаат забелешки на досега користената методологија, но посочија дека е потребно зголемување на вкупниот износ на средствата од блок дотациите и тоа по сите области. Во просториите на ЗЕЛС беше одржана и 32-та седница на Комисијата за следење на развојот на системот на финансирање на единиците на локалната власт, на која претседателот на Комисијата, Аце Коцевски, посочи на потребата од преиспитување на ефектите од досегашниот концепт на организираност на имплементирањето на децентрализацијата на власта во земјава, како и подготовка на компаративна анализа на организираноста на овој систем во земјите од ЕУ и од регионот.

Во месец јули, беше спроведен теоретски и практичен испит за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште за претставниците од локалната власт. Испитот го организираше ЗЕЛС, во соработка со Министерството за транспорт и врски на Република Македонија (МТВ). Заклучно со овој испит, со лиценца се стекнат 167 претставници од општините. Се планира кон крајот на месец август, или почетокот на септември, 2018 година, Комисијата да објави оглас за нов циклус на пријавување на кандидати од општините.

Во овој месец во ЗЕЛС тренинг центарот беа организирани и повеќе средби и работилници, меѓу кои беа работилниците на членовите на Мрежата за човечки ресурси (УЧР) и на Мрежата на лица за односи со јавноста во локалната власт.



Прилог: Zels_JUNI_2018_MK_ALB_WEB1.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.