Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Поголема одговорност на локалните власти за собирање на сопствените приходи - една од препораките изнесени на четвртата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС
25 јуни 2019
 

Генералното Собрание на ЗЕЛС на 23 јуни, 2019 година во Струга ја одржа четвртата седница. Градоначалниците како и претставниците на општинските совети кои се делегати на ова највисоко тело на ЗЕЛС дискутираа за актуелните предизвици на локалната власт, а го усвоија и Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година, како и одредени статутарни измени и дополнувања. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов во своето обраќање пред делегатите најпрво ги апсолвираше позначајните активности што ЗЕЛС ги презема во минатата година а, потоа ги информираше за заедничките ставови што претходниот ден беа донесени на средбата што Управниот одбор на ЗЕЛС ја реализираше со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Освен успесите на ЗЕЛС во лобирањето, Шилегов ги потенцираше и активностите на „ЗЕЛС тренинг центарот“, каде во претходната година повеќе од 1680 претставници од општинската администрација минаа одредени обуки во рамките на шеснаесетте утврдени области што кореспондираат со одредени надлежности на локалната власт. Особено беа потенцирани обуките за полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на државата, што според барањата на општините се организираа во три турнуси и на кои учествуваа вкупно 295 општински службеници. Со тоа се создава можност, што поголем број општини да го исполнат и овој услов и да ја преземат и оваа надлежност. Претседателот на ЗЕЛС говореше и за непреченото одвивање на активностите и на „ЗЕЛС единицата за поддршка на електронските услуги за општините“. „-Стручните лица од оваа единица секојдневно им се на располагање на нашите вработени при користењето на информациските системи за градежна дозвола и за е-ствари и за градежно земјиште. Бидејќи, одржувањето на информациските системи и поддршката, во име на општините ја има ЗЕЛС, ние немаме никакви обврски освен да ги користиме, па токму затоа повторно ве потсетувам дека сите општини треба да ја плаќаме редовно членарината кон ЗЕЛС“ нагласи Шилегов.

Делегатите беа информирани и за меѓународната соработка со асоцијациите и со другите организации и тела кои се посветени на развојот на локалната власт. „-Улогата на локалната власт во целиот процес на интегрирање на нашата земја во Унијата е многу значајна, бидејќи локалната власт е основата или почвата за развој на демократските процеси во секоја земја. Во таа насока ни претстои и голема одговорност. Уште сега треба да размислуваме и да дејствуваме како „европски општини“. Треба да бидеме потранспарентни и отчетни да ги поддржуваме и развиваме граѓанските иницијативи, да ја јакнеме свеста на нашите граѓани дека треба да бидат активни учесници во целиот процес на креирање и на донесување на локални одлуки“рече Шилегов.

Тој ја нагласи потребата секоја општина да биде и максимално самокритична во делот на собирањето на сопствените приходи. „- Мораме успешно да си ги собереме сопствените приходи, а не само да бараме средства од централната власт. Мораме заеднички да воведеме правила со кои општините кои целосно ќе го соберат данокот на имот, ќе ја обезбедат целата база на објекти кои се предмет на оданочување, како и да извршат репроценка според актуелната методологија. Со тоа треба да им се обезбедат одредени привилегии или да бидат ,,наградени“ со дополнителни средства или предност при реализација на некои проекти. Општините кои тоа нема да го сторат, да бидат на некој начин ,,казнети“’.

На седницата со свои дискусии и предлози се обратија и други делегати на Генералното собрание на ЗЕЛС. Беа посочени предизвиците на се уште големата задолженост на повеќе јавни претпријатија чии основачи се општините, за што беше предложено да се формира посебна работна група која прецизно ќе се посвети на утврдување на начини за надминување на овој голем финансиски предизвик. Беше потенциран и предизвикот со кој особено се соочуваат руралните општини, кој се однесува на недостаток на кадри за инспекциски служби, информатичари, урбанисти.. и слично. Недостатокот на урбанистички планови, особено долготрајната постапка за нивно донесување, како и понекогаш неадекватната постапка за заштита на културното наследство, претставуваат сериозни пречки на создавањето на услови за локален економски развој. Од страна на руралните општини беше посочено дека поради недостатокот на финансиски средства, овие општини се соочуваат со предизвик да не можат да го платата ДДВ-то при реализација на проекти за локални патишта или при аплицирањето на проекти на домашни и странски фондови.

Седницата заврши со препорака дека на локалните власти им претстои период на сериозни преиспитувања за утврдување на натамошниот процес на децентрализацијата, каде ќе се креираат и ќе се носат сериозни одлуки, поради што е потребна поголема посветеност и одговорност од сите општини. Се очекува дефинитивно за локалната власт да се обезбеди поголема финансиска самостојност, како и нови надлежности, но тоа подразбира и поголеми одговорности и засилено темпо на активности.




назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.