Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат јулскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
8 август 2019
 

 

На 11 јули, 2019 година Управниот одбор на ЗЕЛС ја одржа единаесеттата седница. На покана од претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на седницата присуствуваше и новиот министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија, Горан Милевски, кој беше запознаен со генералните ставови на локалните власти, во насока на преземањето на следните активности за продолжување на децентрализацијата во земјава. И двете страни изразија задоволство од партнерскиот однос на локалната и централната власт, при што беше догорено поставувањето на контурите на овој процес на почетокот да биде во рацете на локалните власти и во соработка со Министерството за локална самоуправа, а потоа тој да биде презентиран пред премиерот и соодветните министерства. За таа цел на седницата беа избрани претставници од ЗЛЕС кои ќе ги изнесуваат ставовите на мешовитото работно тело. Всушност, како што беше договорено, ова работно тело на 18 јули, 2019 година го одржа првиот заеднички состанок, каде освен министерот и заменик министерот за локална самоуправа, учествуваа и двајца претставници од Кабинетот на премиерот на РСМ. Претставниците на ЗЕЛС го презентираа предлог - концептот зошто е неопходно продолжувањето на реформите на локалната самоуправа. Меѓу бројните причини беше посочено дека постојниот систем на локална самоуправа кој започна да се имплементира на 1 јули, 2005 година, покрај добрите страни, покажа и многу слабости и недостатоци кои мора да се отстранат и подобрат и дека локалните власти имаат хроничен недостаток на финансиски средства со кои располага локалната власт за вршењето на своите надлежности.

Во текот на овој месец, седница одржа и Комитетот на советите при ЗЕЛС на која се дискутираше за можностите за обезбедување на поголем прилив на финансиски средства од сопствените извори на приходи на општините. Исто така, советниците дискутираа и за прашањето за утврдување на висината на надоместокот за „легализација“ на објектите, кои се бесправно изградени во периодот по стапување на сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, односно објекти изградени по 3 март, 2011 година.

Седница одржа и Комисијата за образование, која го разгледа Предлог-законот за основно образование и даде свои забелешки, меѓу кои дека предлог –законските мерки не се доставени до ЗЕЛС, со што е нарушен еден од најзначајните взаемно утврдени принципи за соработка меѓу централната и локалната власт, воспоставени со Меморандумот за меѓусебна соработка на Владата и ЗЕЛС.

Во текот на овој месец претставници од ЗЕЛС учествуваа во работата на повеќе работни тела на кои се разгледуваа одредени закони или проекти, како предлозите за пристапување кон измени на Законот за рамномерен регионален развој и на Законот за концесија и јавно -приватно партнерство.


Прилог: Гласило Јули 2019



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.