Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за образование при ЗЕЛС, изнесе одредени забелешки по Предлог- Законот за основно образование
30 јули 2019
 

Комисијата за образование при ЗЕЛС, на 26 јули, 2019 година ја свика втората седница на ова тело на која на дневен ред беа поставени измените на Предлог - Законот за основно образование и Закон за наставници во основните и средните училишта. На самиот почеток на дискусијата, присутните констатираа дека овие предлог -законски решенија не се доставени на разгледување до ЗЕЛС за навремено изјаснување од страна на локалните власти, ниту пак ЗЕЛС е поканет да учествува со свои претставници во самиот процес на законските промени. Со тоа е нарушен еден од најзначајните взаемно утврдени принципи за соработка меѓу централната и локалната власт, воспоставени со Меморандумот за меѓусебна соработка на Владата и ЗЕЛС, потпишан во 2003 година. Во него е утврдено дека секој закон што се донесува или менува, а кој во својата содржина опфаќа ингеренции на локалната власт, треба претходно да биде доставен до ЗЕЛС со цел утврдување на ставовите на локалната власт по истиот.

На седницата, членовите на Комисијата посебно внимание посветија на Предлог –Законот за основно образование кој веќе се наоѓа во собраниска процедура, во втора фаза на читање. Тие посочија дека се согласуваат со Министерството за образование и наука за потребата од пристапување кон измени на овој Закон, но сметаат дека ,,заобиколувањето,, на ставовите на ЗЕЛС може да предизвика натамошни посериозни предизвици во неговата имплементација. Присутните најнапред забележаа дека со одредени законски измени се зајакнува централизацијата, наместо да се обезбеди поголема децентрализација на власт, што е една од заложбите на централната власт во овој период. Како пример беше посочен делот на измените на постапката за изборот на директор на основното училиште (член 114), каде градоначалникот има улога само да го именува предложениот кандидат за директор од Училишниот совет, без право на избор на повеќе кандидати. Ако именувањето не го стори во период од 10 дена, избраниот директор го именува Министерот за образование. Беше посочено дека градоначалникот е ставен пред свршен чин, само да го констатира единствениот кандидат за директор што го утврдил Училишниот совет. Беше предложено да се даде можност Училишниот одбор да му понуди на градоначалникот најмалку два кандидати за директор на училиштето. Исто така беше предложено, ставот 15 од овој член, со кој му се префрлаат целосно ингеренции на Министерот за именување на директор, комплетно да се избрише и да се утврди посоодветна процедура.

Забелешки имаше и во однос на составот на органот на управување на основно училиште (Училишниот одбор) каде изборот за претседател на ова тело, со измените е утврдено да се врши од редот на членовите кои се претставници од родителите, односно старателите. Комисијата за образование при ЗЕЛС посочи дека е потребно да се направи корекција на овој член (член 105, став 6) со која нема да се ограничи, изборот на претседател на училишниот одор да се врши само од редовите на родителите- членови на ова тело. На овој начин и останатите членови на Училишниот совет нема да бидат ставени во нерамноправна положба. Овој предлог произлегува и од досегашните искуства од работењето на Училишниот одбор, кои произлегуваат од недостатокот на воспоставени критериуми за основните квалификации при изборот на членовите на Училишниот одбор од редот на родителите.

Присутните имаа забелешки и во делот на трансформација на работниот однос на воспитувачот (член 88) каде беше посочено дека е потребно да се утврди нов став со кој ќе се утврди, при носењето на одлуки од повисоките судски инстанци (при покрената жалбена постапка) задолжително да ги земат во предвид анализата и извештајот на Комисијата за трансформација на работен однос.

Стана збор и за одредбите кои се однесуваат на училишните спортски клубови ( член 43). Беше посочено дека е потребно јасно да биде дефинирана законската обврска во доставувањето на извештајот за искористените средства за нивно финансирање. Поточно беше предложено, во ставот 4, од овој член, наместо да стои „училиштето “ до основачот доставува извештај за искористените средства за финансирање, да биде заменето со Училишниот спортски клуб доставува финансиски извештај до училиштето, а училиштето до надлежниот орган..“

Присутните дискутираа и за предизвиците во однос на одредбите при засновањето на работниот однос на неопределено или на определено време, поврзано со условот кандидатот да има положен стручен испит, а стана збор и за потребата од воведување на стандардизиран пристап во организирањето и спроведувањето на училишните натпревари.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.