Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Хакатон „Иновативна трка за решавање на предизвиците!“- како начин на соработка на локалната власт и претприемачите
4 септември 2019
 

 

На 11 и 12 септември, 2019 година во Скопје, во „City Hall Center“ ќе се одржи хакатон „Иновативна трка за решавање на предизвиците!“ на кој се поканети претставници од локалната власт и претприемачи и компании од земјата. Хакатонот се реализира во рамките на проектот „Подобрување на општинското управување“, што го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, што е финансиски поддржан од Европската Унија.

Пред присутните ќе бидат претставени предизвиците и можности во секторот на „смарт градови“ (локално и глобално), а предвидени се и директни консултации со претставниците на општините и со експерти. Се нуди можност на претприемачите и на компаниите од земјата да се запознаат со локалните предизвици и при тоа да работат на помагање за нивно надминување. За најдобрите решенија на компаниите, во кое е вклучено и нивното спроведување и пилотирање, ќе бидат обезбедени финансии до 40.000 УСД. При тоа ќе бидат обезбедени и обуки од страна на домашни и странски експерти, а пред се ќе им се даде можност на компаниите вистински да влијаат на локалниот и глобалниот еко систем за иновации.

Првите три општини кои учествуваат се: Гостивар, Велес и Струмица. Локалните власти и жителите на овие општини ги идентификуваа следниве предизвици како пет најтешки проблеми: кучиња скитници, локален туризам, подобрување на пристапот до локалните услуги, јавен простор и грижа за стари жители.

Повеќе информации, можности за пријавување и запознавање со дневната агендата, може да се види на веб-страницата: www.tech4muni.mk



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.