ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Презентирани бенефитите за локалната власт од Графичкиот регистар за градежно земјиште
1 март 2017
 

 

По примената на електроската алатка „Е –урбанизам“ за изработка на просторна и урбанистичко- планска документација, општините ќе ја имаат можноста да го користат и Графичкиот регистар за градежно земјиште (ГРГЗ) што го имплементира Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија (АКН). По тој повод, претставници од оваа Агенција, од Министерството за транспорт и врски и фирмата изработувач на софтверот, во компјутерскиот центар на ЗЕЛС, на 23 и 24 февруари, 2017 година, ја претставија законската обврска, намената и целта на овој регистар и практично ги презентираа изработка и одобрувањето на урбанистичките планови и урбанистичката планска документација во контекст на ГРГЗ, при што говореа и за улогата на трите клучни алки во целиот процес: планерите, општината и АКН. Обуките ги организираше ЗЕЛС, при што беа поканети најмалку по двајца преставници од секоја општина, од областа на урбанистичкото планирање, кои беа распоредени во шест сесии, со цел понепосредно и подетално запознавање со регистарот.

Во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање од особена важност е навремена и комплетна достава на урбанистички планови и урбанистичка планска документација по електронски пат во системот на ГРГЗ. Засега има одреден паралелизам на регистарот, со системот „ Е –Урбанизам“, но се прават напори за нивно спојување, односно создавање на еден единствен систем.

ГРГЗ ги прикажува урбанистичките планови во просторот заедно со катастарските планови, при тоа достапни се информации содржани во урбанистичкиот план за секоја градежна парцела, како и информации дали истата е слободна или веќе е реализирана. Овој систем го надополнува системот “Е –урбанизам“ во делот со визуелизација на урбанистичко –планската документација за која многу лесно може да се направи увид од страна на општината и планерот за тоа каде се наоѓаат на терен градежните парцели и од кои катастарски парцели се составени. Постапката со рокови и учесници во формалното донесување на урбанистичко планската документација е поддржана со системот “Е-урбанизам“ . Со ГРГЗ е направена стандардизација во изработката на сите видови урбанистички планови и урбанистичко-планската документација, овозможен е транспарентен преглед на локациите каде што има донесено урбанистички планови и урбанистичко-планска документација, овозможен е преглед на сопственоста на катастарските парцели кои ја сочинуваат градежната парцела, преглед на градежното земјиште по нумерички показатели (намена, катност, површина итн.), како и преглед на градежните парцели во државна сопственост. Овој регистар овозможува и историски преглед на секој урбанистички план, односно кога е донесен, кога и со која одлука на советот е ставен вон сила, важност на планот, а доколку се работи за измена и дополнение на дел од урбанистичкиот план и бројот на одлуката со која е донесена измената.

Главна цел на ГРГЗ е транспарентноста, точноста, ефикасноста на планерите и општините во изработката и донесувањето на плановите, како и поголем степен на реализација на градежните парцели и остварување на инвестиции во градењето



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.