Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Почести средби за поголема видливост на Општинските советници од Варадарскиот регион
24 септември 2019
 

На 20 септмеври, 2019 година во Општина Кавадарци, во организација на ЗЕЛС се одржа втората регионална работилница за претседателите на советите на општините од Вардарскиот регион. Претседателот на советот на Општина Кавадарци, Ристо Сакалиев кој воедно е и член на Комитетот на Советите при ЗЕЛС ја поздрави иницијативата на ЗЕЛС за организирање на регионални средби и се заложи во следниот период ваквите средби на нивниот регион да ги организираат на месечно ниво.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев кој е и потпретседател на ЗЕЛС искажа подготвеност за поддршка и на други активности на стручната служба на ЗЕЛС со кои ќе се влијае на зајакнување на улогата на советниците на општините во земјата и зацврстување на сосработка со градоначалникот и стручните служби во општините, а во насока на обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните. Тој подвлече дека ЗЕЛС е матичната куќа на сите општини од каде произлегуваат иновативни и креативни решенија кои се однесуваат на подобрување на работата на локалните самоуправи. Во своето обраќање тој истакна за исклучително добрата соработка на него како градоначалник со советниците, на нивните чести средби со претседателот на советот на општината што го смета за позитивна пракса од каде и резултира успехот на општината во целост. Тој ги охрабри советниците да ги искажат нивните потреби и предизвици на оваа средба, но и на други настани или преку каналите за комуникација со телата на ЗЕЛС со цел пренесување на нивните ставови во повисоките тела на ЗЕЛС кои би се артикулирале во конкретни решенија пред централните институции. Градоначалникот Јанчев иницираше и идеја за можна професионалнизација на советничката работа, но за тоа е потребна дополнителна анализа и дебата со релевтаните институции.

Директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ зборуваше за начинот на фунционирање на ЗЕЛС како Асоцијација на сите општини, на Комитетот на советите при ЗЕЛС како матично тело на советниците од општините, потоа се осврна на расположливите ресурси за информирање, координирање и лобирање за интересите на локалните власти, при што ги охрабри советниците да ги користат истите и да ги адресираат нивните потреби до ЗЕЛС. Потоа се осврна на заклучоците кои произлегоа од последната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС и од последната средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со премиерот Зоран Заев и неговите советници. На присутните им беше пренесена заедничката заложба на централните и локалните власти за отпочнивање со реализација на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт, како и обезбедување на поголема финансиска стабилност на ЕЛС и фазно пренесување на надлежностите од централно на локално ниво.

Присутните претседатели на совети од општините од Неготино, Лозово, Велес, Чашка и Свети Николе, како и домаќинот од Кавадарци се согласија дека е потребно продлабочување на процесот на децентрализација во општините, со цел поголеми надлежности и поголеми приходи за општините, но со претходно обезбедени доволно финансиски средства за нови надлежности. Истакнаа дека е неопходно да се зацврсти врската на градоначалник, советници и општинска администрација за поуспешно фунционирање на локалните самоуправи, но и дека е потребно да се промовираат иновативни модели за мотивирање на општинските советници за поголема ангажираност во работата на општината. За тоа е потребно да се зајакнуваат капацитетите на советниците, да се организираат почести настани во интерес на нив каде ќе може да се истакне нивната улога во работата на советот, особено во мониторирањето на работата на општината. Сметаат дека со заеднички активности нивната улога ќе стане повидлива и порепрезентативна пред граѓаните.




назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.