Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините дадоа поддршка на Проектот „Безбедни семејни паркинг зони“
28 февруари 2019
 

 

ЗЕЛС потпиша Меморандум за соработка со Авто Мото Сојузот на Македонија, Скопје (АМСМ) за реализација на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“. Во името на единиците на локалната самоуправа, меморандумот го потпиша, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на свечената промоција на Проектот, што се случи на 27 февруари, 2019 година, во Скопје. Станува збор за реализација на активности за обезбедување на паркинг места, на паркинзите во Град Скопје и општините, односно обележување на посебни места за паркирање за бремени жени и родители на деца до три годишна возраст.

-„ Локалните власти се секогаш подготвени да дадат активен придонес во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, а тоа го потврдуваме и со нашето вклучување во овој Проект, со кој сметаме дека барем малку ќе придонесеме да им го олесниме движењето во сообраќајот на бремените жени и на родителите на деца до три години. Сите градоначалници и други институции активно ќе се вклучат во натамошното имплементирање на мерките за реализација на проектот, но истовремено апелирам до сите граѓани за развивањето на свеста за правилно паркирање и почитување и на паркинг сигнализацијата, не само на лицата со посебни потреби, туку и на оваа ризична група на граѓани“. Ова го истакна претседателот на ЗЕЛС, на промоцијата на која присуствуваа и министерот за внатрешни работи, министерот за транспорт и врски, деканот на Факултетот за безбедност, како и претставници од други релевантни институции, активни учесници и поддржувачи на овој Проект.

На средбата беше посочено дека во следниот период ќе се пристапи кон измени во Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација, со што ќе се предвиди начинот како ќе се определуваат и означуваат овие паркинг простори, и каде истите ќе бидат утврдени, при што беше посочено дека е можно да се направат и измени во Законот за безбедност во сообраќајот со цел предвидување на санкции за учесниците во сообраќајот кои не ја почитуваат поставената сигнализација за овие паркинг места. Беше посочено дека заинтересираните родители на деца до три години, како и бремените жени кои ќе бидат активни ученици во сообраќајот може да добијат соодветни налепници за своите автомобили во времетраење од една година. При тоа беше посочено дека е потребна поддршка од локалната власт за утврдување на најповолните локации на кои би требало да бидат обезбедени вакви паркинг места, особено пред здравствените установи и одредени трговски центри, но и на други места. Во рамките на проектот беше најавено дека ќе биде подготвен и Прирачник со препораки како овие лица да се однесуваат во сообраќајот за да бидат што побезбедни. На средбата беше изнесено дека во 2018 година во нашата земја имало 133 жртви во сообраќајот.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.