Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините информирани за придобивките од Проектот за подобрување на социјалните услуги
30 јануари 2019
 

 

Претставниците од секторите за урбанизам и социјални дејности од општините, на 29 јануари, 2019 година во ЗЕЛС Тренинг Центарот присуствуваа на презентација на Проект за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка во следните 5 години. Учесниците кои беа поделени во групи се информираа околу целите, начинот на спроведување и очекуваните резултати од овој петгодишен проект со кој треба да се подобри пристапот и квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги предучилишните услуги за ранливите групи.

Претставниците од секторот за социјална заштита од МТСП и од проектна единица зборуваа за начинот на објавување на повиците, за изборот и поддршката која ќе ја имаат општините од страна на нивната институција во процесот на аплицирање и спроведување на проектните апликации кои се однесуваат на две компоненти: изградба на нови градинки, доградба или реновирање на објекти за градинки, како и развој на нови, иновативни социјални услуги.

Овој проект треба да овозможи создавање на нови превентивни и вонинституционални социјални услуги, како и создавање на околу 7500 нови места во предучилишното образование во урбаните и рурални подрачја. Со проектот, што е во вредност од 28,7 милиони евра, а ќе се имплементира во периодот 2018-2024 година, треба да се развијат нови стандарди за социјалните услуги, да се интегрираат социјалните надоместоци и социјални услуги, да се подобри стручниот капацитет на воспитувачите и на социјалните работници и да се промовираат наставни методи каде детето е во фокусот на работа.

Општините, како партнери во овој проект, ќе добиваат грантови за нивните апликации со што треба да придонесат во овозможување на корист за децата на возраст од 0 до 6 години, особено од ранливите групи, за родители и семејства, за корисници на социјална помош и други ранливи возрасни лица кои имаат право на користење на социјални услуги, како и за стручните лица кои работата во областа на социјална заштита во општините.

Покрај објаснувања на целите и начинот на апликација и спроведување на проектот, на присутните од општините им беше презентиран и веб порталот http://mtsp.gov.mk/proekt-za-podobruvanje-na-socijalnite-uslugi.nspx каде може да ги добијат сите корисни информации околу истиот, да контактираат со одговорните лица од проектот и да поставуваат прашања и коментари. Исто така беа информирани дека во следниот период ќе имаат и поредовна и блиска комуникација преку посети на општините.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.