Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребна поголема поддршка на советниците за обезбедување на родово одговорни општински политики и програми
23 декември 2019
 

Изработка на стратегии на комисиите за еднакви можности во општините; обезбедување на финансиски средства за работењето на комисиите и за спроведувањето на Програмата; поголема соработка помеѓу општинските координатори и членовите на Комисијата; задолжително присуство на членовите на комисијата на состаноците што треба да се организираат најмалку еднаш во месецот; јакнење на капацитетите на координаторот и на членовите на КЕМ преку посета на обуки, работилници и форуми; обезбедување на поголемо информирање на вработените, на советниците и на целокупната јавност за значењето на родовата еднаквост и РОБ во локалната власт, како и обезбедување на родово разделени податоци. Ова беа заклучоците од работната средба на членовите на тематската работна група за родова еднаквост, што се одржа на 13 декември, 2019 година во хотелот „ Арка“ во Скопје, изнесени на работниот дел -„Како да се унапреди работата на Комисиите за еднакви можности (КЕМ) во локалната власт? На оваа средба, одржана во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“ беа поканети и претседатели/ки на КЕМ во општините чии претставници ја сочинуваат оваа тематска работна група, како и партнерските општини од овој проект.

Презентирани дел од активностите на ЗЕЛС за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво.

Претставничката од ЗЕЛС, Ирена Николов, пред присутните ги претстави активностите на ЗЕЛС за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво. Информираше за формирањето на Лоби групата на ЗЕЛС за родова еднаквост на жените и мажите и за надградувањето на „е-платформата“ за родово разделени податоци. Претставници од UNDP и UN Women презентираа повеќе теми за различни активности кои треба да помогнат во унапредувањето на родовата еднаквост во општините, преку взаемна соработка на Комисиите за еднакви можности во општини, општинските советници и администрацијата. Воведно обраќање имаше Ибрахим Мехмети, национален раководител на програми при Швајцарската агенција за развој-СДЦи и Илмиасан Даути, раководителот на проектот „Зајакнување на општинските совети“ на УНДП. Претставничката од UN Women, истакна неколку успешни примери на локалните власти кои беа инспирација на учесниците за примена во нивната локална власт

Претседателка на Комисијата за еднакви можности од Општина Чаир, Бујаре Абази со присутните ги сподели впечатоците изнесени на Форумот на градоначалнички што неодамна се одржа во Сомбор, организиарн од НАЛАС и UN Women. Таа информираше дека во локалните власти, во земјите од Југоисточна Европа во 2019 година процентот на градоначалнички изнесува 7,5 % , во 2017 година бил 8,4 % , а,во 2016- година - 8,7% , додека процентот на советнички изнесува 29%. Беше нагласена добрата практика на Република Словенија, со активностите на „Клуб на градоначалнички“ а во рамките на ЗЕЛС, беше потенцирано формирањето на Лоби групата за родова еднаквост на жените и мажите и новата.



Идентификуван по еден предизвик од родов аспек од секоја присутна општина

Претставниците од општините идентификуваа поединечно по еден најголем предизвик со родов аспект со кој се соочува нивната локална власт. Потреба од шелтер центар за жртви од родово базирано насилство; финансиско зајакнување на комисијата; поседување на родово разделени информации во општините; надминување на отпорот од општинската администрација за активности од родов аспект; обезбедување на услуги за жртви на насилство; надминување на недовербата кон институциите; недоволен интерес за спорт од страна на девојчињата; мотивирање на девојчињата за запишување во средните стручни училишта и надминување на стереотипите за машки и женски струки; недостаток на улично осветлување за безбедно движење и друго.

Помало учество на жените во процесот на донесување на одлуки на локално ниво

Присутните беа запознаени и со резултатите од анкетата на УНДП за задоволството на граѓаните од услугите што ги обезбедува општината. Беше посочено дека од 2017 година, има тенденција на генералното зголемување на задоволството од услугите на локално ниво, каде граѓаните се изјаснуваат и дека се позадоволни од квалитетот на животот во општината. Сепак, детектирана е голема разлики во задоволството помеѓу граѓаните од урбаните и од руралните средини, особено кај комуналните услуги и социјалната заштита. Најмалку задоволство граѓаните искажуваат за локалниот економски развој, социјалната заштита и заштитата на животната средина. Она што може да се согледа е дека жените не учествуваат подеднакво во процесот на донесување на одлуки од страна на локалната власт како и мажите, и тоа особено во руралните средини.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.