ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат јунскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
3 јули 2018
 

Во овој број на Гласилото на ЗЕЛС, ги објавуваме ревидираните „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ што Управниот одбор ги усвои на петтата седница, што се одржа на 31 мај 2018 година. Станува збор за рационализирана и обновена листа на 16 предлози и барања, кои во следниот период ќе бидат појдовната основа на ЗЕЛС, во преговорите со централната власт, меѓу кои од особено значење се оние кои се однесуваат на обезбедување на поголема финансиска стабилност на ЗЕЛС и залагањето за нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на власта во земјата. Заложбите на ЗЕЛС, се врз основа на квалитетни анализи да се направи пресек на состојбите од тринаесетгодишното имплементирање на децентрализацијата и да се утврдат квалитетни правци за нејзино натамошно реално и квалитетно спроведување.

Во текот на овој месец ЗЕЛС реализира и многу средби, советувања и конференции. Беше одржана средба во ЗЕЛС, со претставници од Министерството за внатрешни работи, за разрешување на недоразбирањата околу предлозите за подобрување на сообраќајниот режим. Средба одржа и Мрежата на локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС, на која се дискутираше за предизвиците и бројните недоречености во законските одредби од оваа област. Состанок одржа и Мрежата на ТППЕ, која побара итно обезбедување на оддржливо управување со системот за противпожарна заштита и справување со кризи, а советување имаше и Мрежата на лица за односи со јавноста на локалната власт на тема:Управувањето со внатрешната комуникација – важен услов за транспарентно работење на општината“.

Со претставници од Владата на РМ, од одделот за комуникации, отчетност и транспарентност, во ЗЕЛС беше реализирана и обука за градоначалниците и за лицата за финансии, за користењто на алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. ЗЕЛС во соработка со Американската амбасада во Република Македонија, организираше и презентација на тема “Добри практики за јавен менаџмент и решавање на јавните предизвици во локалната власт”. Комисијата за финансирање при ЗЕЛС одржа конститутивна седница и за претседател го избра градоначалникот на Општина Велес,Аце Коцевски, а состанок одржа и Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, која ја разгледа Уредбата за методологијата за распределба на ДДВ и истата ја усвои.

Во организација на ЗЕЛС, беше одбележано завршувањето на Проектот „Зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики и буџетирање на локално ниво“. По тој повод на 13 јуни 2018 година, во Скопје се одржа конференција, на која дискутираа општинските координатори на комисиите за родова еднаквост, претставниците од комисиите од општините, како и од Министерството за труд и социјална политика. Сите активности во рамките на Проектот, ЗЕЛС ги реализираше со поддршка на UN Women, канцеларијата во Скопје.

Општина Илинден е седмата општина во Република Македонија, која се стекна со регионалниот сертификат за поволно бизнис опкружување-„ Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE)“. Во овој број на весникот на ЗЕЛС, ќе ги претставиме активностите и досегашните успеси на оваа општина, на патот за добивање на овој значаен регионален сертификат.



Прилог: ZELS_Juni_2018_web_ALB_2_MK.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.