Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините дискутира како најдобро да се искористат средствата од Светска банка за локалната патна инфраструктура
1 февруари 2019
 

 

Во административната зграда на ЗЕЛС на 30 и на 31 јануари, 2019 година беа одржани неколку средби на градоначалниците и претставници од локалната власт, од осумте плански региони во земјава со претставници од Светска банка и од Министерството за транспорт и врски. Станува збор за започнување на процесот на идентификација на проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во земјата, за кој Владата на Република Македонија зема заем од оваа меѓународна институција, во висина од 70 милиони евра, што општините ќе ги добијат како грант. За реализација на овие активности беше посочено дека ќе биде одговорна проектна единици во рамките на Министерството за транспорт и врски. Средбите беа иницирани од страна на Светска банка со цел да ги осознае размислувањата на градоначалниците во насока на дефинирање на проектот, односно каде е најдобро средствата да бидат насочени и при нивната распределба, кои критериуми би биле најповолни за општините.

Општините изразија задоволство од ваквата финансиска поддршката од Владата, особено бидејќи станува збор за прилично неизградена и застарена патна инфраструктура со која се соочуваат речиси сите општини во земјава. Тие посочија дека поради слабите фискални капацитети генерално не можат да обезбедат поголеми инфраструктурни зафати. Дел од нив кои имаат блокирани сметки или многу скромен буџет не се во состојба да обезбедат дури и редовно одржување на локалните патишта.

Кај присутните преовладуваше мислењето проектот да даде поширока можност при искористувањето на средствата, односно да не се дефинира строго, за одредена намена. Беше предложено да им се даде можност на општините, тие да ги утврдат сопствените приоритети, дали овие средства во моментот им се повеќе потребни за рехабилитација на постојната локална патна мрежа, за изградба на нови улици или пак за одржување на истите. Исто така беше посочено проектот да биде утврден на начин што секоја општина ќе има можност да добие од овие средства и според своите приоритети да ги искористи за градење на улица до некоја индустриска зона или во некое населено место, за обнова или за одржување на постојната патна мрежа или за поврзување на одредени населени места.

Во изнесените мислења на градоначалниците преовладуваше и тенденцијата за поголема поддршка на руралните средини и општините со мали фискални капацитети, па од таму како критериуми по кои би можела да се врши распределбата беше посочена методологијата по која се врши актуелната распределбата на средствата од ДДВ на општините. Во неа се опфатени бројот на жители, големина на територија, густина на населеност, а посебно е значајно што се утврдени долна и горна граница на средствата, под и над која не може да добива средства ниту една општина. Ова донекаде придонесува за поправедна распределба на средствата во полза на помалите општини. Како втор модел, кој исто така беше посочен како можен критериум е распределбата на средтсвата што се вршат од Фондот за патишта. На средбата беше истакнато дека како критериум би можело да се земе во предвид и степенот на наплата што општината го реализирала за прибирање на сопствените даноци.

На состанокот, претставниците на Светска банка за размислување ја посочија и идејата: дел од овие средства општините да можат да ги искористат и за воспоставување или подобрување на системот за одржување на патната инфраструктура. Односно тоа би можело да биде обезбедување на електронска платформа за постојна локална инфраструктура, воспоставување на системи за одржување со поддршка на јавните претпријатија и друго.. Голем број од општините, особено помалите, посочија дека одржувањето на патната мрежа го реализираат со сопствена механизација па од полза би им било доколку дел од средствата може да ги искористат за замена или дополнување на дотраената и нефункционална механизација.

Општините беа едногласни во барањето при креирањето на проектот од страна на Светска банка, да се овозможи во рамките на пресметката за проектот , општината да ја вкалкулира и потребната сума за плаќање на ДД за реализацијата на активностите што ги предвидела. Ова е од голема важност за малите општини, кои досега се соочиле со неможноста да ги обезбедат овие средства, па затоа повеќе не се осмелуваат да конкурираат за нови проекти, особено ако станува збор за инфраструктурни или капитални инвестиции.

Присутните ја посочија и реалната слика на недоволна искористеност на средствата од низа досегашни меѓународни проекти, поради неквалитетна техничка документација доставена од општините или неможноста истата да ја обезбедат. Поради тоа беше предложено, по примерот на Министерството за труд и социјална политика, проектната канцеларија што ќе се отвори во Министерството за транспорт и врски да им дава директна поддршка на општините со изработка на потребна проектна документација, особено за помалите општини, кои финансиски или кадровски не се во можност тоа да го сторат. Исто така беше посочено комисиите да имаат и еден пофлексибилен однос при одобрувањето на проектите што се доставуваат. Од помалите општини предложија проектната документација да е задолжителна само доколку станува збор за изградба на нова улица, а кога станува збор за рехабилитација на патиштата да се доставува само пресметка. На тој начин ќе се заштедат и средства и време.

Претставниците од Светска банка се заблагодарија на изнесените предлози и мислења за кои рекоа дека им се од голема важност при креирањето на проектот. Тие посочија дека се очекува тој да биде одобрен до крајот на годинава, а реализацијата да започне во 2020 година. Градоначалниците предложија општините кои располагаат со веќе подготвена документација, да имаат можност поскоро да ги искористат средствата, за што од Министерството за транспорт и врски најавија дека активно ја разгледуваат и ваквата можност.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.