Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градоначалниците и Царовска на онлајн средба дискутираа за образовниот процес во услови на пандемија и започнувањето на реформски процеси
11 ноември 2020
 

Нова буџетска година; состојбите со спроведувањето на наставниот процес во услови на пандемија со вирусот КОВИД -19; актуелизирање на реформските процеси во основното и во средното образование; трансформација на работните места на наставниците и предизвици со стручните служби во училиштата, беа дел од темите за кои дискутираа градоначалниците со министерката за образование и наука, Мила Царовска на едночасовната онлајн средба што ја организираше ЗЕЛС на 11 ноември, 2020 година.

Министерката Царовска изрази задоволство од стагнацијата на внатрешното ширење на заразата со КОВИД-19 кај ученици и наставници во паралелките кои следат настава со физичко присуство, што е резултат на придржување на протоколите и навремените реакциите со соодветни мерки. - ,,Стапката на заразеност во оваа група е незначителна и изнесува 0,06 % кај децата и 150 досега заразени наставници, што овозможува натамошна реализација на препораките од УНИЦЕФ за физичко присуство на децата на настава, рече Царовска и посочи дека и во следниот период ќе се следат будно состојбите и ќе се реагира соодветно на дадената ситуација.

Министерката Царовска најави минимално зголемување од 2% на средствата во блок дотациите за образование наменети за општините, а кои се предвидени во Предлог- Буџетот за следната година. Таа им препорача на општините кои во изминатиов период направиле одредени заштеди на средства од превозот на учениците (поради состојбите со наставата во услови на КОВИД-19), како и заштедата на средства за загревање на училиштата, да ги искористат за покривање на одредени долгови или за преземање на потребни капитални инвестирања во училиштата. Потоа министерката говореше за започнувањето на подготовки на МОН за реформски процеси во образованието, за што претходи опсежна анализа за состојбите на терен: за бројот на ученици, бројот на паралелки, бројот на наставници, нивниот актуелен статус, утврдување на дејност и друго. Во таа насока Царовска најави дека МОН наскоро до сите општини ќе испрати соодветна ,,матрица за пополнување“ на овие и на други податоци на која секоја општина треба одговорно да пристапи при пополнувањето. Беше најавена и подготовката за донесување на нов Закон за средно образование, а во делот на стручното образование се предвидува двегодишно со дополнителни две години за стручна матура, што е во насока на обезбедување на соодветни кадри за стопанството. Во тој контекст беше посочено дека на почетокот на следната година ќе започне социјален дијалог за утврдување на потребите на локалната економија и креирање на соодветни профили во образовните институции во општината. Исто така, градоначалниците беше информирани дека во училиштата треба да се утврдат наставници- ментори, а потоа ќе следи и изборот на наставници- советници. Министерката на крајот посочи дека се прават и подготовки за спроведување на матурските испити што ќе се реализираат на крајот од школската година.

Присутните истакнаа одредени предизвици со кои се соочуваат локалните власти во овој период. Беше изнесено барањето на СОНК за исплаќање на прекувремените часови на наставниците, потоа состојбите со трансформацијата на работните места и одобрувањето на новите финансирања во образованието, а беше покренато и прашањето за потребата од вработување на дефектолози, логопеди, правници и друг стручен кадар неопходен за работењето на училиштата. Исто така, беше посочено дека превозниците не се јавуваат на објавените тендери, бидејќи со намалениот број на ученици тие креираат сопствени загуби, а посочени беа и реакциите на дел од наставниците кои до подалечните дестинации го користеле ученичкиот превоз ,а сега треба да издвојат повеќе средства од платата. Беше посочена и потребата за групирање на наставници кои сакаат да држат настава од училница, и нивно концентрирање во еден училиштен објект во општината, заради заштеда на греењето. Беше побарано, да се врати и поинтензивно да се користи позицијата на советник во образованието од Бирото за образование, како потреба за следење на правилното спроведување на наставниот процес, а беше укажано и на потребата на одредени стручни профили во некои општини, кои не биле дозволени од страна на МОН. Во однос на процесот на доделување на ,,тутори,, за училиштата беше посочено дека постапката континуирано тече во согласност со пријавувањето на вакви лица,по што тие веднаш се распределуваат согласно пристигнатите барања од општините. Состанокот заврши со заклучок за одржување на вакви средби во следниот период од најмалку една во месецот .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.