ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Конститутивна седница на Комитетот на совети при ЗЕЛС
14 декември 2017
 

 

Конститутивната седница на Комитетот на совети при ЗЕЛС се одржи на 12 декември, 2017 година во хотел “Изгрев”, Струга. На седницата, членовите на Комитетот беа запознаени со улогата, обврските и активностите на овој орган предвидени со Статутот на ЗЕЛС.

Согласно дневниот ред членовите избраа претседател и двајца потпретседатели на ова тело. Едногласно, за претседател на Комитетот на советите при ЗЕЛС беше изгласан г-дин Томе Солевски, Претседател на совет на општина Кочани, претставник од источниот регион, додека за потпретседатели беа избрани Претседателот на совет на општина Гостивар, г-дин Насир Муслиу, како претставник од Полошкиот регион и Претседателот на совет на општина Гази баба, г-дин Тони Бојковски, како претставник на Скопскиот регион.

На присутните членови им беше доделен предлог Деловник за работа по кој работел претходниот состав на Комитетот и истиот ќе биде разгледан и усвоен на следната седница на Комитетот на советите при ЗЕЛС.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.