Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Локалните власти ќе претставуваат силна логистичка поддршка во спроведувањето на најголемата статистичка операција во земјата –пописот
29 јануари 2021
 

 

На иницијатива на Државниот завод за статистика, на 29 јануари, 2021 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше одржана средба за утврдување на заедничките активности на оваа институција со единиците за локална самоуправа, околу за спроведувањето на најголемата статистичка операција во земјава- пописот во државата, што ќе се реализира во месец април оваа година.

На средбата, освен градоначалниците учествуваа и Претседателот на државата, Стево Пендаровски, Претседателот со Собранието на РСМ, Талат Џафери, Премиерот Зоран Заев, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и министерот за правда, Бојан Маричиќ. Сите изразија целосна поддршка за успешно спроведување на пописот и испратија пораки до населението дека пописот не е политичка, туку пред се статистичка операција, од која бенефити ќе имаат сите граѓани и целата држава. Беше испратен и апел до сите политички субјекти во земјата да не го бојкотираат процесот и да дадат поддршка за успешно спроведување на пописот.

Во таа насока и претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов во своето обраќање пред присутните посочи дека локалната власт се наоѓа пред еден исклучително важен предизвик за реализација на пописот во земјата, операција која не е спроведена веќе 19 години. –„ Сметам дека взаемната соработка на Државниот завод за статистика со локалната власт, како и со поддршката на сите клучни институции во земјава одговорно ќе го спроведеме пописот и ќе обезбедиме добивање на релевантни податоци што се од исклучително значење за сите нас. Ќе обезбедиме податоци кои ќе овозможат креирање на развојни политики, макроекономско планирање, податоци за научни и други истражувачки цели, како и за обезбедување на многу други потребни статистички цели“, рече Шилегов.

Шилегов посочи дека во неодамна донесениот Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, објавен и во Службен весник на РСМ утврдено е дека општините, заедно со Заводот се задолжени да обезбедат работни простории за пописните комисии. Според Законот, секој пописен реон има по една пописна комисија, односно вкупно 50 пописни реони, што се прецизно наведени во законскиот текст. Тој посочи дека ЗЕЛС и локалните власти и досега имале успешна соработка со Државниот завод за статистика и дека е сигурен дека ова ќе значи само нејзино поголемо продлабочување. Тој истакна дека од средбата ќе произлезат точни насоки за активностите што треба да ги преземат локалните власти и очекува дека тоа ќе бидат просторни услови и други информатички алатки за работа на комисиите, што не подразбира сериозни финансиски трошоци, и дека е потребна силна логистика за вклучување на целото население и за успешна работа на попишувачите. На крајот од своето обраќање, Шилегов ги повика сите градоначалници и локалната самоуправа да направат се што е потребно, во рамките на своите можности и тоа да го направат во најдобар начин, со цел успешно спроведување на оваа статистичка операција .

На присутните им се обратија и Претседателот на Државата, највисоките функционери на законодавната и на извршната власт, двајцата министри од Владата на РСМ и директорот на Државниот завод за статистика. Сите укажаа дека станува збор за спроведување на статистичка а не политичка операција и дека истата ќе биде реализирана според меѓународни и европски прописи и препораки. Беше посочено дека не смееме државата да остане единствена земја која толку долг период нема реална слика за најпотребните податоци,и да не може да обезбеди натамошно планирање и развој. Беше нагласено и првиот кластер за исполнување на условите за влез на земјата во Европската Унија всушност е обезбедување на соодветни и реални статистички податоци. Сите упатија и апел до граѓаните да учествуваат во пописот, да им излезат во пресрет на попишувачите и да даваат точни податоци.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС
Прирачник и протоколи за комуникација на координатори /ки за еднакви можности на жените и мажите во ЕЛС

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.