Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата

За Одјава
Тимот на Град Скопје започна со прелиминарни подготовки за повторно добивање на БФЦ ЈИЕ сертификатот
25 декември 2019
 
Градот Скопје, по истекот на две години од добивањето на сертификатот за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ), се пријави на јавниот повик што го објавија ЗЕЛС и Сојузот на стопански комори ( Национален технички секретаријата) да изврши ресертификација. Тоа значи дека Град Скопје одлучи и понатаму да го задржи епитетот „Град со поволно деловно опкружување“, односно дека стратешки е определен да го унапредува својот деловен амбиент, да привлекува инвестиции и да го поттикнува развојот на локалната економија. БФЦ ЈИЕ Сертификатот всушност претставува своевидна гаранција за постојните стопанственици и за потенцијалните инвеститори дека од локалната администрација ќе добијат услуги и информации на начин што ќе го олеснат нивното деловно работење.

Во таа насока, на 25 декември, 2019 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, петнаесетчлениот тим на Град Скопје проследи обука за спроведувањето на целиот процес на ресертификација. Тимот за сертификација претставува многу важен сегмент за успешно ресертифицирање а, треба да го сочинуваат претставници од секторот за локален економски развој, потоа службеници кои работат на промотивни активности, кои се занимаваат со интернет страницата, службеници од областа на финансии, на урбанизам, капитални инвестиции, комунални дејности и друго.

Пред присутните беше посочено која и каква документација Градот треба да обезбеди во согласност со утврдените услови за исполнување на стандардите за ресертификација, утврдени во 10 критериуми и 68 поткритериуми. Во рамки на Програмата за сертификација се дефинирани три фази низ кои локалната самоуправа треба да помине: 1.Пристапување кон процес на сертификација 2.Процес на сертификација и 3. Надзорна проверка, што се реализираат за период од 9 месеци. Процесот на документирање на доказите се врши електронски, преку БФЦ ЈИЕ платформата (www.bfc-see.org).

На присутните им беше посочено дека особено треба да се внимава на оние поткритериуми кои имаат статус на „задолжителни“ бидејќи доколку не бидат исполнети, не може да се освојат бодови по дадениот критериум. Потоа, поединечно беа разработени сите десет критериуми што треба да ги исполни локалната власт. Единицата на локална самоуправа треба да има важечка Стратегија за локален развој, усвоена од Советот на општината, во чија изработка учествувале барем 30% од претставниците на стопанството, меѓу кои би требало да бидат вклучени претставници барем на една од 10-те најголеми локални компании. Потребно е Градот да има организациска единица задолжена за локален економски развој (ЛЕР) при што се оценува нејзиното активно работење а, не формалното постоење. Понатаму, постоењето на советодавно тело –„Економски совет“, во кое најмалку 50% од членовите се од деловната заедница и кое одржува најмалку три пати годишно состаноци за кои постојат евидентирани записници, претставува одреден показател за воспоставена соработката на локалната власт со бизнис заедницата. Се дискутираше и за останатите критериуми, меѓу кои за: Постоењето на аналитичка основа за поддршка на локална деловна заедница и привлекување инвестиции; Активности за промоција на вложувања и квалитет на деловниот амбиент во градот; Предвидливост на трошоците на работење и одговорно управување со финансиите; Следење на динамиката на локалниот пазар на труд и активен однос кон утврдена состојба и потреби. Процесот на ресертификација на Град Скопје ќе започне на почетокот на следната 2020 година.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги

Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.