Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба на претседателите на советите на општините од Полошкиот и Југозападниот плански регион
18 октомври 2019
 

 

На 16 октомври, 2019 година, во Општина Дебар, ЗЕЛС во соработка со претседателот на советот на оваа општина, Башким Машкули, организираше работилница на претседателите на општинските совети од Југозападниот и од Полошкиот регион. Оваа средба, петта по ред, е резултат на иницијативата која произлезе од последната седница на Комитетот на советите ЗЕЛС за поголема информираност на советите од соодветните региони за работата на Комитетот, за сите актуелни ставови и иницијативи донесените од органите и телата на ЗЕЛС, како и за јакнење на регионалната соработка меѓу претседателите на општинските совети.

На работилницата присуствуваше и градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, кој ги поздрави присутните и активно учествуваше во дискусијата. Тој особено ја истакна потребата за соработка меѓу градоначалникот и администрацијата и Советот на општината, како важен услов за успешно функционирање на општината. Претседателот на советот на општината Дебар, Башким Машкули, кој воедно е и член на Комитетот на советите при ЗЕЛС од Југозападниот плански регион, како домаќин на овој настан, говореше за улогата на Комитетот на советите при ЗЕЛС и можностите што ова тело им ги нуди на советниците. Посочи дека Комитетот е тело на ЗЕЛС каде може да се разгледуваат сите иницијативи, ставови и предлози на советите. При тоа посочи и на потребата за јакнење на улогата на општинските советници во насока на поквалитетно спроведување на законските обврски на општинските совети. Машкули говореше и за полезноста од организирање на почести средби на претседателите, на регионално ниво, во насока на идентификување на заедничките предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат во извршувањето на надлежностите на советот.

Претседателите од овие два региони исто така го потенцираа клучното значење од соработката на советот со градоначалникот и општинската администрацијата. Беше изнесено дека во многу општини од овие два региона советниците и претседателот на совет немаат просторија во која би ги примиле граѓаните, немаат буџет за да може да спроведат соодветни активности, а не е мал ниту бројот на општините во кои не е утврдено лице од администрацијата кое перманентно ќе обезбедува поддршка за административно - стручните работи на советот. Беа изнесени и одредени идеи за промени на сегашниот концепт на улогата и статусот на советникот, меѓу кои и во насока за нивна професионализација. Но беше пласирана и спротивната идеја, односно советникот само да има волонтерски статус, при што повеќето посочија дека треба да се задржи сегашниот концепт на делување на советниците.

Беа посочени и повеќе предизвици со кои се соочуваат најголемиот бброј општини во овие два региона. Беше истакнат предизвикот со кучињата скитници, зголемената миграција на населението и проблемите со легализацијата на нелегално изградените објекти. Како особено горливо прашање беше посочена потребата за итно решение за долговите на јавните претпријатија, особено во делот за здравство осигурување на вработените. Советниците побараа од ЗЕЛС да даде приоритет на ова прашање и да биде разгледано на првата наредна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

На средбата се обрати и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ која пред присутните посочи на потребата од поголема активност на претседателите на советите за соработка со ЗЕЛС, како и за изнесување на иницијативи и ставови за јакнење на улогата на општинскиот совет. Присутните беа запознаени и со расположливите ресурси на ЗЕЛС како асоцијација на општините, а кои се во функција на координирање и лобирање за интересите на локалните власти, поддршка на електронските услуги и информирање. Советниците беа охрабрени своите ставови и предизвици кои произлегуваат од работењето на советите да ги дискутираат на вакви заеднички регионални средби, да ги доставуваат до Комитетот на советите, со цел тие да бидат разгледувани и на Управниот одбор на ЗЕЛС. Таа зборуваше за активностите на ЗЕЛС, новините кои се предлагаат во однос на нов бран во децентрализацијата, во делот на земјоделството, културата, здравството и други области. Исто беа пренесени и ставовите на органите и телата на ЗЕЛС за потребата од зголемување на одговорноста на локалните власти за собирање на сопствените приходи. Советниците беа запознаени со иницијативата на органите на ЗЕЛС за промена на ставката за пресметување на данок на имот, односно беше посочено дека речиси сите општини ја користат најниската ставка од законски утврдените можности (0,1% до 0,2%) за пресметување на данокот на имот, кој претставува најзначаен извор од сопствените приходи на локалните власти. Во таа насока општинските совети треба адекватно да дискутираат за потребата, можностите и предностите што би се обезбедиле за општината, доколку оваа ставка се зголеми .

Советниците беа информирани и за предлогот на органите на ЗЕЛС околу надоместокот за „легализација“ на објектите кои се бесправно изградени по 3 март, 2011 година, под услов тој да може да биде вклопен во урбанистичко – планската документација и за него да се плаќа дополнително зголемен процент од редовната висина на надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Тие го поддржаа предлог- концептот на ЗЕЛС за неопходноста од продолжувањето на реформите на локалната самоуправа, особено делот за обезбедување на финансиска стабилност на локалната власт.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.