ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат априлскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
4 мај 2018
 Честит „26-ти Април - Денот на општините и роденденот на ЗЕЛС“. Пред 46 години, токму на овој ден, била основана Заедницата на општини и градови на Република Македонија. Затоа, во Статутот на ЗЕЛС, овој датум доби посебно значење. Всушност, и втората седница на Генералното собрание, највисокото тело на Заедницата, ја одржавме на 26 април 2018 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, со цел да го одбележиме 46-тиот роденден на Заедницата. Делегатите го усвоија Извештајот на активности на ЗЕЛС и Финансискиот извештај за 2017 година, а имаа можност да дискутираат и за одредени предизвици, со кои се соочуваат во спроведувањето на надлежностите на локално ниво. Пред делегатите се обрати и министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Сухејл Фазлиу. Во насока на транспарентно претставување на сите активности и резултати кои беа постигнати во претходната година и годинава, ја подготвивме публикацијата „Годишен извештај на ЗЕЛС“ и истата беше поделена и на делегатите на Генералното собрание.

Во месец април, градоначалниците и претставниците од локалната власт имаа можност да се запознаат со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, ги изнесе барањата на ЗЕЛС, за повеќекратно зголемување на овие средства, при нивната распределба предност да имаат општините со седиште во село, да се укине учеството на општините во плаќањето на ДДВ за проектите од Програмата, да се поедностави процедурата за донесување на планови за планирање на просторот и ред други барања. На средбата се обрати и министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ЗЕЛС реализираше активности и со општинската администрација. Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот (ЗТЦ), по втор пат оваа година, се спроведе почетна обука за полагање на испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Првата се реализира во јануари, кога ја посетија околу двесте кандидати. Ваквата посетеност укажува на зголемена заинтересираност на општините за исполнување на условите за преземање на надлежноста за управување со државно градежно неизградено земјиште. Во ЗТЦ, овој месец средба одржаа и претставници на Мрежата на човечки ресурси, на која дискутираа со одговорни лица од МИОА, за предизвиците од примената на Законот за административни службеници .

Градоначалниците на општините: Гази Баба, Богданци и Илинден и претставници од Град Скопје и од ЗЕЛС, учествуваа на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“, што се одржа во Белград (Република Србија), на 24 април, 2018 година. На конференцијата, меѓу другото, на општините од ЈИЕ официјално им беа врачени и БФЦ ЈИЕ сертификатите. Од Република Македонија, сертификат доби Општина Илинден. Повеќе информации за овие настани, но и за други што беа реализирани во месец април, можете да прочитате во овој број на Гласилото на ЗЕЛС.



Прилог: Zels_April_2018_MK_ALB_ZA ODOBRUVANJE I WEB.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.