ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комитетот на советите го одржа деветтиот состанок
2 февруари 2017

Комитетот на советите при ЗЕЛС на 01 февруари, 2017 година, во просториите на Заедницата ја одржа деветтата седница, на која беше договорено во иднина седниците на ова тело да се одржуваат најмалку еднаш во месецот. Беше констатирана и измена во составот на Комитетот на Советите при ЗЕЛС. Досегашниот потпретседател на ова тело, Максим Димитриевски, дал оставка како претседател на Советотна општина Куманово бидејќи на парламентарните избори во декември е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. На негово место, за претседател на Совет на општина Куманово е избран Александар Арсиќ, кој наедно го зазема и местото на потпретседател на Комитетот на советите при ЗЕЛС. На седницата Арсиќ беше детално запознаен со структурата и работењето на ЗЕЛС, но и со улогата на Комитетот на советите, каде се изнесуваат предизвиците со кои се соочуваат советите и се разгледуваат значајни прашања од работењето на ЗЕЛС и на локалната власт. Во тој контекст Арсиќ посочи на случувања кои се во спротивна насока од настојувањата за развивање на поголема децентрализираност на власта. Истакна дека во Советот на општина Куманово на последната седница бил разгледуван Планот за вработување во општинската администрација за следната година, при што ја потенцира нелогичноста од законската обврска,истиот да се достави на согласност од Министерството за информатичко општество и администрација. Тој ја посочи и нелогичноста од структурирањето на вработувањата по етничка припадност, што не соодветсвува на начелото на правична застапеност на националностите. Никола Димески, претседател на совет на општина Прилеп, посочи дека оваа законска обврска е утврдена со цел превенирање во однос на можностите за превработување во општините, што би значело трошење на средствата за плати а не за подобрување на услугите за граѓаните. Беше заклучено за ова прашање попрецизно да се дискутира на следната седница, каде би се провериле постојни законските одредби.

Претседателот на Комитетот на советите, Трајче Донев, претседател на советот на општина Кисела Вода ја искористи можноста на седницатада ги информира членовите за потребата секоја општина да одговори на писмото што Агенцијата за храна и ветеринарство им го испратила неодамна, за утврдување на локации во рамките на општината на кои ќе може да се копаат дупки во кои би се ставала убиената или угината живина во случај на болестикај животните, како и да се изјаснат за расположливите капацитети на механизација со кои тие можат да одговорат во вакви кризни состојби и истовремено да номинираат лице со кое Агенцијата ќе може да контактира. Тој информираше дека во регионот има појава на „авијарна инфлуенца“ или птичји грип. Оваа болест кај птиците, засега во нашата земја е утврдена само во село Мороишта во Општина Струга, каде локалната власт веќе излегла во пресрет на потребите на надлежните институции за нејзино сузбивање.Донев ја потенцираше досегашната слаба соработка на општините со Агенцијата за храна и ветеринарство и покрај тоа што локалните власти законски се обврзани да помагаат во сузбивањето на болестите преку наоѓање на локација за нештетно отстранување на угинатите животни, при што апелираше и за поголема информираност и ажурност и на советите. Беше посочено дека преку ЗЕЛС до сите општини беше испратен и записникот од координативниот состанок на Националниот центар за контрола на болести.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.