ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Потребни се заеднички решенија за подобрување на системот за финансирање на надлежностите на општините
1 ноември 2018
“Фискалната децентрализација и состојбата со финансиските проблеми во општините е проблем кој што постои од самиот почеток на децентрализацијата до денес. Особено е голем проблемот со децентрализираните надлежности, кои и после тринаесет години, не успеаа да добијат добра завршница. Иста е состојбата со блок и наменските дотации“, зборуваше Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС на тркалзената маса “Предизвиците во системот на финансирање на надлежностите на општините- редефиринирање на начинот и утврдување на критериумите за наменски и блок дотации за општините“, во организација на Министерството за локална самоуправа што се одржа на 01 ноември, 2018 во х. Холидеј Ин.

Во своето обраќање, претседателот на ЗЕЛС стави акцент на долговите на општините, кои се најголемиот товар за нив.“ ЗЕЛС во 2005 година направи првична анализа на состојбата со долговите и осозна дека пред самиот почеток на децентрализацијата општините имаа долг од 51 милион евра, основен долг. Тоа е показател дека долговите настанале пред почетокот на процесот на децентрализацијата, а дел од истите потекнува и од период кога сме биле во состав на друга држава. Како што општините добиваа нови надлежности и обврски, така растеа и долговите. Министерството за финансии, неодамна излезе со податок дека вкупниот општински основен долг изнесува околу 100 милиони евра, а предвиде и помош за општините, во износ од приближно 50 милиона евра, кои ќе бидат неповратно дадени на општините и со кои треба да се намали долгот и отпишат каматит“, рече Шилегов.

Тој зборуваше за причината за настанување на дел од долговите кои се настанати поради недоволни средства обезбедени за блок и наменските дотации, за што општините и институциите одвојуваа нивни сопствени средства и со тоа влегуваа во дополнителни долгови. За жал, првото место е за образованието, основно и средно каде блок дотациите не ги следат промените во цените кои влијаат на трошоците за реагенси, како и вклучување на дополнително предмети во наставата кои трошоци не се вкалкулирани во блок дотацијата.

“Проблемот за кој ЗЕЛС постојано алармираше и алармира е состојбата со нереално високи цени за задолжителниот училишен превоз, кои се добиваат во тендерските постапки. Мислам дека дел од тој проблем е решен со последните измени, иницирани од ЗЕЛС, а имплементирани од Собранието на Република Македонија, направени со измена на Законот за патен сообраќај. Тоа е само делумно решение, а сега се обидуваме на општините да им помогнеме успешно да ја имплементираат оваа законска измена. Треба да не загрижи и процентот, кој од блок дотациите се исплаќа за плати на училишниот кадар, а кога тој ќе се види ќе ни биде јасно колку финансиски средства остануваат за сите останати плаќања и одржување на училишните објекти“, додаде тој.

Се осврна и на проблемот со противпожарните единици, кои се исто така децентрализирани во 2005 година.“ Голем е проблемот со вработените, за кои под ниеден услов, до скоро, не добивавме согласност за старо вработување, што значи дека ако си замине вработен по било кој основ, нема шанси да добиеме согласност за вработување на истото место. Од друга страна, законот не обврзува да имаме еден пожарникар на 1500 жители, па решението го баравме во тоа што општината од основниот буџет вработуваше пожарникари. Во последната година, успеавме да се договориме со Владата да се реши дел од овој проблем и да поредовно добиваме согласности за вработувања.Кај противпожарните единици имаме уште еден проблем поврзан со нивната опрема. Страшна е состојбата со опремата, возилата и униформите на пожарникарите. Многу често се случува градоначалниците од основниот буџет да купуваат по некое делче на неопходната опрема, за да овозможат нормално функционирање на овие многу важни служби“, се задржа на проблемот елаборирајќи ја состојбата во Град Скопје.

“Проблемот со градинките се појави во моментот кога прекина издавањето на согласности за вработување, што резултираше во ситуација по една негувателка да треба да се грижи за триесет и повеќе дечиња. Во последно време таму имаме проблем и со просторни капацитети, но Министерството за труд и социјална политика имаше повеќе слух и се обиде да обезбеди средства за проширување на старите или градење на нови градинки. И културата е темна зона во децентрализираните надлежности. Само дел од културните институции се децентрализирани, а постои и огромен број на општини, каде културните институции останаа во рацете на централната власт,без притоа да се има критериуми и да се знае зошто е тоа така. Во една општина, пример, театарот е децентрализаран, а во соседната тоа веќе не е случај. Зошто е тоа така, не постои објаснување“, се осврна претседатело на овие две децентрализирани надлежности.

На крај, тој отвори теми за размислување кои би одлеле во насока на големи измени во децентрализацијата, и за продолжување на процесот на децентрализација. Како водилка за решавање на некои од проблемите ги исткана систематизираните ставови на ЗЕЛС каде се предвидува продолжување на децентрализацијата во неколку насоки, но и подобрување на финансирањето, односно повеќе приливи од ДДВто и персоналниот данок.

Претседателот Шилегов заклучи дека треба да размислуваме за сосема нов концепт на локалната самоуправа и за сосема нов концепт за финансирањето на локалната самоуправа.

Свои обраќања имаа и министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за образование, Арбер Адеми, Асаф Адеми, министер за култура и Јова Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика кои ги искажаа нивните ставови и предлози за подобрување на процесот на децентрализација истакнувајќи поддршка на веќе започнатите активности од страна на МЛС преку организрање на вакви настани и работна група која работи на конкретни решенија.

На тркалезната маса беа презентирани наодите и состојбите во општините во однос на децентрализацијата, распределбата на блок дотациите,финансиските средства со кои располагаат општините во децентрализираните области, можни одговори за системските проблеми направени од страна на домашен и меѓународен експерт како појдовна точка за решавање на проблемите кои беа тема на денешниот настан.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.