ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Промовиран „ „Прирачникот за спречување на корупцијата во локалната администрација“
20 април 2017
 

 

-„Локалните власти со поддршка на ЗЕЛС превземаат низа активности преку кои можностите за корупција и коруптивни дејствија во единиците на локална самоуправа сакаме да ги сведеме на минимум, да не речам на нула. Еден од примерите е се поинтензивното воведување на електронски услуги за граѓаните, преку кои се подобрува квалитетот на услугата, се штедат народните пари и се минимализираат можностите за корупција. Верувам дека на сите ви се добро познати електронските алатки, меѓу кои се електронското издавање на дозвола за градење и издавањето на дозвола за управување со градежно земјиште. Затоа ние локалните власти позитивно гледаме на секој вид на поддршка, што ќе ни послужи како алатка да работиме во согласност со законските норми и интересите на нашите граѓани.“

Ова го истакна Коце Трајановски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Грд Скопје во своето обраќање на промоцијата на „Прирачникот за спречување на корупцијата во локалната администрација“, подготвен од Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници, а поддржан од Министерството за информатичко општество( МИОА) што се одржа на 19 април, 2017 година, во хотел „Парк Скопје“.

Трајановски пред присутните градоначалници, претставници од општинската администрација и од невладиниот сектор посочи дека голем процент од законската регулатива во европските земји, па и во нашата држава е поврзана со нејзино спроведување на локално ниво. –„ Тоа значи дека и одговорноста на локалните власти навистина мора да биде на многу високо ново. Во таа насока сметам дека во континуитет треба да се работи на обезбедување на што поквалитетна регулатива и на нејзино постојано надградување и усовршување, нешто за што ЗЕЛС постојано се залага преку лобирање до централната власт, но и преку организирање на редовни обуки на вработените во општините за адекватна примена на сите законски измени и дополнувања “, рече претседателот на ЗЕЛС. Трајановски исто така изрази задоволство што за подготовката на еден ваков Прирачник стои државна институција посочувајќи дека во минатиот период ЗЕЛС поддржуваше публикување на одредени етички кодекси на локалните функционери и администрација кои може да се забележат во многу општински административни згради. Беше посочено дека општините се повеќе го поттикнуваат и граѓанското учество, обезбедувајќи реализација на сите утврдени форми, како и воведувањето на нови облици, меѓу кои се и ,,форумите во заедницата“. Самата општина ги поттикнува своите жители се помасовно да учествуваат во креирањето на нејзините активности и во креирањето на буџетот на општината. Тоа укажува на се потранспарентното работење на општините, како еден од начините за спречување на коруптивни појави.

На крајот од обраќањето,Трајановски апелираше до донаторските организации при утврдувањето на проекти за локалната власт да обезбедат поголема меѓусебна координираност со цел да не се дуплираат проектите, со што ќе се овозможи поквалитетно трошење на тие средства, во интерес на сите општини.

Пред присутните се обрати и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, нагласувајќи ја важноста од професионалноста на јавната администрација, како одговорен и сигурен партнер на граѓаните и правните субјекти, при што посочи дека борбата против корупцијата треба да е задолжителен услов за нејзина понатамошна модернизација. Според Муцунски, Владата на Република Македонија со модернизацијата на законодавството од областа на службеничкиот систем и управната постапка, уште понепосредно се вклучува во борбата против секоја форма на корупција.

Пред присутните свое обраќање имаше и претставникот од Фондацијата Конрад Аденауер, Јоханес Раи, кој го изнесе својот личен впечаток дека во нашата земја ,тој лично не се соочил со коруптивни дејствија во институциите, за разлика од неколку други земји во кои живеел во изминатиот период. При тоа посочи дека во последниот индекс на забележување на корупција на Transparency International, Македонија е рангирана на 90 место, од вкупно 170 земји, а Германија на 10 место.

Содржината на Прирачникот беше претставена од неговите подготвувачи од Здружението на млади правници, кои рекоа дека е ова само едно поедноставување на дел од законската регулатива, со цел да биде разбирлива за сите, а која се однесува на сузбивање на корупцијата. Градоначалничката на општина Градско, Жанета Чаушевска посочи дека со овој Прирачник, треба да се запознаат не само вработените во општините туку и самите граѓани бидејќи вработените во општините многу често се соочуваат со барања од граѓаните, општината да преземе дејствија со кои се кршат законските одредби, по што изразуваат незадоволство од услугата на локалната власт бидејќи се одбиени.

На промоцијата беше заклучено дека овој Прирачник треба да се прошири со повеќе примери на коруптивни дејствија, како и со дополнителен дел кој ќе биде посветен на соодветните институции во кои граѓаните треба да се обратат доколку се соочиле или забележале коруптивно однесување , како и потребата за организирање на повеќе обуки за јакнење на јавната свест за борба против корупцијата.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.