Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Неопходно менување на законите и правилниците од областа на угостителската и туристичката дејност
31 мај 2019
 

 

Комисија за локален економски развој при ЗЕЛС, на 28 мај, 2019 година, во просториите на Заедницата ја одржа втората седница, на која беа разгледувани пристигнатите забелешки и предлози од општините за Законот за такса за привремен престој; Законот за угостителска дејност и Законот за туристичка дејност. Повеќето од забелешките укажуваа на потребата за измена и на Правилникот за услови за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност и на постапката за категоризација на куќи, станови и соби за издавање од физички лица и селски домаќинства за вршење на угостителски услуги и водење на регистар за категоризирани угостителски објекти

Претставникот од Град Скопје посочи одредени предлози околу регулирањето на работното време на локалите кои се наоѓаат во одредени зони од градовите што се атрактивни за посетителите и во доцните часови. Ја посочи и потребата за попрецизно регулирање на важни прашања врзани за подвижните објекти (урбаната опрема, која се поставува во парковите и на плоштадите ), а укажа и на неопходноста за адекватно регулирање на реиздавањето на станови на физички лица, за туристичка намена.

Претставникот од Општина Охрид се залагаше за обезбедување на електронски систем за пријавување на привремен престој на гостите кои престојуваат во хотелските објекти и кај физичките лица кои издаваат легла за туристите. Тој истакна дека, особено физичките лица не вршат пријавување или не го пријавуваат целокупниот број на остварени ноќевања, а голем е бројот и на нерегистрирани станоиздавачи. Беше посочен словенечкиот пример на наплата на таксата за привремен престој, со плаќање на паушален износ на годишно ниво, согласно јасно дефинирана методологија и критериуми. Беше нагласена и потребата секој општински совет, самостојно да донесе одлука за висината на туристичката такса, според претходно утврдена методологија. Електронскиот систем би ги поврзувал сите релевантни чинители во процесот (МВР, УЈП, општината, туристички инспектори..и издавачите на станови), со што секој ќе добива соодветни податоци. На овој начин, општините ќе имаат податоци за остварените ноќевања, а со тоа ќе знаат и колку средства ќе се слеат во Буџетот на општината. Преку ваков систем би се зголемила и контролата на гостите, би се избегнало неплаќањето на таксата, а би се зголемиле и средствата по овој основ.

На седницата беше повикан и претставник од Министерство за економија (МЕ) кој информираше дека во подготовка е предлог- проект, со кој по примерот на Хрватска и порталот „е-визитор“ ќе се направи сличен систем и за нашата земја. Тој ги прифати и забелешката на општините во однос на потребата за промени на Правилникот за услови за категоризација на куќи, станови за одмор и соби за издавање од физички лица посочувајќи дека течат подготовки за повеќе нови правилници, што Министерството за економија ги работи заедно со соодветни претставници од оваа област. При тоа, присутните беа поканети да земат учество на работилница што ќе се одржи во Министерството на 31 мај, 2019 година, со претставници од стопанските комори, каде ќе се дискутира по забелешките на угостителите за законите од областа на туризмот и угостителството. Исто така беа информирани дека МЕ подготвува предлог- закон за воведување на туристичка инспекција. Општините ги изнесоа предизвиците со недостатокот на кадри за вршење на инспекциски надзор и ја нагласија и потребата за утврдување на законски одредби со кои инспекторите ќе може да водат постапки не само со регистрираните, туку и со нерегистрираните физички лица кои вршат туристичка дејност, со цел намалување на сивата економија.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.