ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Мрежата на противпожарни единици при ЗЕЛС дискутираше за актуелни состојби во оваа надлежност
17 март 2017

Мрежата на противпожарни единици при ЗЕЛС одржа седница на 17 март, 2017 година во административната зграда на ЗЕЛС. На седницата се дискутираше за одредени прашања од деловникот за работа на Мрежата, при што беше донесена одлука за кооптирање на член во претседателството на мрежата. Поточно, Ѕвонко Томески, командант на противпожарната бригада на Градот Скопје беше потврден за член на Претседателството на мрежата, откога оваа функција му престана на досегашниот претседател на мрежата, Благоја Менковски. При тоа членовите на Мрежата спроведоа избор на нов претседател, а присутните гласаа за двајцата предложени кандидати: Ѕвонко Томески и Костадин Поповски, командир на територијалната противпожарна единица Битола. Со тајно гласање, со мнозинство од присутните членови на Претседателството на мрежата за претседател е избран Костадин Поповски.

На седницата се дискутираше и за прашањата поврзани со распределба на блок дотацијата за финансирање на платите и надоместоците на пожарникарите, односно несоодветниот износ на средства за оваа намена. Беше договорено на следната седница , Независниот синдикат на пожарникарите да изврши презентација на анализата на состојбата со соодветната исплата и недостаток на средства која се јавува при исплатата на оваа блок дотација, како и да изврши анализа на констатираните недоследности при пресметка и правата на пожарникарите констатирани со нивна посета на противпожарните единици.





назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.