ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Генералното собрание на ЗЕЛС ќе одржи редовна седница, осма по ред
23 декември 2016

Генералното собрание на ЗЕЛС, највисокото тело на Заедницата, на 23 декември, 2016 година, во просториите на хотелот „Александар палас“ со почеток во 12.00 часот, ќе одржи редовна седница. Делегатите, односно градоначалниците и советниците, ќе ги разгледуваат важните документи за работењето на ЗЕЛС за следната година, како што е Акцискиот план на ЗЕЛС и Предлог–Финансискиот план за 2017 година. Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски пред присутните ќе ги изнесе позначајните активности реализирани во изминатиот период, но ќе се задржи и за идните приоритети на Заедницата и на локалните власти. На овие седници присутните делегати дискутираат и за предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при спроведувањето на надлежностите при што изнесуваат и конкретни иницијативи и предлози за нивно разрешување.



назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.