Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
БФЦ ЈИЕ сертификатот претставен пред советниците од работната група за локален економски развој
11 април 2019
 

 

Тематската работна група за локален економски развој (ЛЕР), составена од 24 претседатели на општински совети, формирана во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“ на 9 април, 2019 година, во просториите на УНДП, во Скопје, ја одржа првата средба. За координатор на оваа работна група присутните го избраа Агрон Беќири, претседателот на Советот на Општина Арачиново. Работната група за ЛЕР е една од седумте тематски групи, формирани во рамките на овој Проект, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со ЗЕЛС и со Здружение на финансиски работилници, UN Women, Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии, а кој е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ).

Советниците беа запознаени со алатките и целите на овој Проект, како и со актуелните проекти и програми кои се однесуваат на развојот на локалната економија во општините. Тие беа охрабрени овие средби да ги искористат и за изнесување на иницијативи за подобрување на локалниот економски развој, но и на иницијативи за обезбедување на поквалитетна улога на советниците во целокупниот процес на спроведување на надлежностите на локално ниво, со тоа што истите ќе бидат сублимирани и доставени до Комитетот на советите при ЗЕЛС, потоа во вид на заклучоци и до Управниот одбор на ЗЕЛС на разгледување. На средбата присутните се запознаа и со можноста, по електронски пат да се информираат за важни прашања од работењето на општинските совети и на развојот на децентрализацијата во земјата. Тоа може да го сторат преку воспоставената електронската платформата за учење www.opstinskisoveti.mk, која е достапна за секој од 1347 советници во земјата. Оваа платформа советниците ја користат по претходно добивање на своја лозинка за влез во платформата, каде може да остварат и oneline комуникација со другите советници, да разменуваат искуства, добри практики, идеи за повеќе теми од нивните надлежности во локалната власт.

Советниците беа детално информирани и за регионалната програмата „Business Friendly Certificate- BFC SEE“, каде ЗЕЛС и Сојузот на стопански комори (ССК) ја имаат улогата на национално тело за нашата земја. Националниот координатор од ЗЕЛС, посвети особено внимание во излагањето за бенефитите што оваа програма ги нуди за локалната власт, но и на целиот процес низ кој една општина треба да помине за да може да се стекне со регионалниот сертификат- БФЦ ЈИЕ. Присутните беа информирани дека по завршувањето на претседателските избори во земјата, ќе биде објавен и јавен повик за пријавување на заинтересираните општини, при што им беше објаснет и процесот на самото пријавување на општината.

УНДП во соработка со SIDA неодамна започна со реализација на проектот “Градење на општинските капацитети за имплементирање на проекти“, кој е во насока на поддршка на општините за изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти. Претходно ќе се врши рангирање на општинскиот развој на локалните власти во три категории: високо развиена, средно развиена и ниско развиена општина. Врз основа на тоа ќе се утврди кои општини ќе добијат поддршка. Главната цел е намалување на диспаритетот меѓу општините и обезбедување на рамномерен регионален развој. Се очекува да бидат опфатени повеќе од 50 проекти, но се зависи колку општините ќе ги исполнат претходно утврдените критериуми. Проектот започна во декември 2018 и ќе трае до 2021 година.

Претседателите на советите посочија дека овие средби претставуваат голема поддршка во нивната работа, во проширувањето на нивните познавања за надлежностите на локалната власт и за нивните ингеренции во неа, при што истакнаа дека очекуваат во иднина поголема размена на информации и нови меѓусебни средби со советниците од целата земја.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.