Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините потпишаа меморандум за изградба и санација на локални патишта
2 март 2020
 

Осумдесет општини и градот Скопје потпишаа меморандум за соработка со Министерството за транспорт за изградба и санација на локални патишта. Станува збор за директна, неповратна помош за единиците на локалната самоуправа во висина од околу 70 милиони евра, што Владата на РСМ ги обезбеди преку Светска банка, за реализација на Проектот „Поврзување со локални патишта“. Се предвидува да се рехабилитираат и изградат околу 450 километри локални патишта кои ќе обезбедат поквалитетна патна инфраструктура, олеснета комуникација меѓу населените места, подобар живот за граѓаните и подобрени услови за развој на локалната економија. Општините ќе добијат различна сума на средства што се движи меѓу 500 илјади евра до два милиони евра, во зависност од критериумите утврдени во методологијата, во која како поважни се земени:број на жители, број на населени места во општината, број на регистрирани возила во општината и друго, како и во зависност од проектот со кој ќе аплицираат. Секоја општина сама ќе ги распределува средствата во зависност од своите приоритети.

Свечениот чин на потпишување беше организиран на 2 март, 2020 година, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, каде на градоначалниците и претставниците од локалната власт им се обратија: Премиерот, Оливер Спасовски; Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески; Министерката за финансии, Нина Ангеловска и Заменик-Премиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Во името на сите единици на локалната власт говореше Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС, која посочи дека македонските општини се најсиромашни во Европа и во регионот и дека оваа поддршка за нив е од исклучително значење. Подобрувањето на патната инфраструктура, како и најавените инвестиции во изградба на водоводи и канализација може да придонесат за обезбедување на едно задоволително ниво во општините, што е од голема важност и за целата држава. Перишиќ информираше дека ЗЕЛС беше вклучен уште на самиот почетокот на овој проект, каде градоначалниците дадоа низа предлози за негова реализација, меѓу кои и за распределбата на средствата и што донекаде е прифатено. На крајот од своето обраќање извршната директорка на ЗЕЛС им посака успех на сите општини и изрази желба за брза е ефикасна реализација на сите проекти.



Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески го елаборираше Проектот, при што посочи и на постапката за негова реализација. Тој истакна дека секоја општина до МТВ доставува проекти што се проверуваат и потоа се доставуваат до Банката. За проектите што ги задоволуваат барањата Министерството спроведува јавна набавка за градежни работи и надзор. Тој информираше дека првиот тендер е доставен до Банката на одобрување и штом добие потврда ќе биде објавен. Се работи за санација на улици во општините во вкупна должина од 23 километри и инвестиција од пет милиони евра. Со цел навремено искористување на средствата, Сугаревски упати апел до општините да достават уште квалитетна техничката - проектна документација, иако посочи дека досега голем број на општини имаат доставено проекти. Тој нагласи дека со проектот посебен акцент ќе се стави и на јакнење на капацитетите на општинската администрација преку обуки, работилници, семинари поврзани со управување со локална патна инфраструктура, планирање, финансирање, времено вработување, преквалификација на жени, меѓу кои и од Ромската заедница, се во насока на активности поврзани со транспорт, патната инфраструктура и градежни работи. Проектот ќе заврши до декември 2024 година

Премиерот Спасовски посочи дека и со овој проект Владата потврдува дека стои цврсто на својата определба за поддршка и јакнење на локалната власт. Во таа насока се и овие активности кои обезбедуваат подобри услови за рамномерен регионален развој и подобрување на квалитетот на живот на сите свои граѓани без оглед каде тие живеат. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска посочи дека квалитетната инфраструктура е значајна за развој на локалната економија и претставува едно од клучните барања и на граѓаните и на бизнис заедницата. Министерката за финансии, Нина Ангеловска информираше дека во рамките на Министерството за финансии, формирана е проектна единица, која досега обезбедила поддршка при подготовка на проектни документација за 45 општини. Тие ќе може да аплицираат на овој проект или да ги искористат за аплицирање на други меѓународни фондови. Проектната единица го имплементира проектот ,,За подобрување на општинските услуги“ поддржан од Светска Банка, за што биле издвоени 1,1 милион евра, гранд средства за помош при подготовка на проектни документации за локалните патишта до 3 км. До крајот на март, министерската очекува да биде предадена техничката документација и на останатите општини, односно на вкупно 78 општини, со што ќе бидат изградени или санирани локални патишта со вкупна должина од 270 км. Ангеловска посочи дека заемот за локални патишта е добиен по исклучително поволни услови, со рок на отплата од петнаесет години, со грејс период од пет години и дека проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со Светска Банка со вкупна вредност од 420 милиони евра.









назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.