Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за урбанизам при ЗЕЛС во проширен состав го разгледуваше Предлог-Законот за урбанистичко планирање
15 април 2019
 

 

Комисијата за урбанизам и просторно планирање при ЗЕЛС на 12 април, 2019 година, во административната зграда на Заедницата, ја одржа втората седница на која се разгледуваше Предлог – Законот за урбанистичко планирање, чие донесување е во собраниска постапка. Комисијата заседаваше во проширен состав, односно покрај градоначалниците кои се членови на ова тело беа поканети и претседателите на двете комисии при ЗЕЛС: Комисијата за рурален развој и Комисијата за локален економски развој, градоначалникот на општина Центар, градоначалникот на општина Чаир и Потретседател на ЗЕЛС, претставници од Министерството за транспорт и врски, како предлагач, како и претставници од областа на урбанизмот од некои општини. На состанокот присуствуваше и поканетиот проф. д-р Мирослав Грчев, во својство на советник на претседателот на Владата за прашања од областа на урбанизмот и просторното планирање.

Беше посочено дека со новите законски решенија се создаваат услови за побрзо спроведување на постапката за донесување на урбанистички планови. Ова досега претставуваше еден од главните предизвици на сите локални власти, бидејќи со нивното одолговлекување се попречуваше развојот на локалната економија и обезбедувањето на нови инвестиции во општините. Имено, досега имаше случаи, кога одредени планови се донесуваат и во период од седум па и повеќе години. Во предлогот на Законот се предвидува дека институциите и органите надлежни за давање на мислење се должни во рок од 15 работни дена да го дадат мислењето, при што, доколку истото не биде издадено во предвидениот период, тоа не претставува пречка постапката да продолжи понатаму. Исто така, предлогот нуди и одредени позитивни правци во однос на справувањето со предизвиците за градба вон населено место, преку изработка на урбанистички проект врз основа на кој ќе може да се издава дозвола за градба, а предвидени се и различни видови на планови за село, во зависност од развиеноста, густината, историјата на плански просторен развој и слично. Ова е од особена важност за руралните општини, кои се соочуваат со недоволна планска покриеност на својата територија, а тоа е сериозна пречка за реализација на одредени проекти или за нови економски инвестиции.

Присутните изнесоа низа мислења и ставови по однос на предложените законски решенија, каде меѓу другото беше забележано дека иако е дадена можноста локалната власт да основа Јавна установа за урбанизам, тоа може да го сторат речиси минимален број на единици на локална власт, односно оние кои имаат минимум 80.000 жители. Беа посочени и други забелешки во однос на предвидениот број на кадрите во нив и слично. Беа изнесени и предизвиците на одредени општини, особено оние од територијата на Град Скопје, каде деталните урбанистички планови ги надминуваат параметрите кои се зададени во Генералниот урбанистички план и слично. На крајот од состанокот беше заклучено ЗЕЛС да ги сублимира сите изнесени забелешки и предлози и во писмена форма да се достават до Министерството за транспорт и врски, со цел нивно разгледување и овозможување на амандманска расправа по истите.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.