ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Електронската платформа на ЗЕЛС за родово одговорно буџетирање презентирана на регионална средба како успешна практика
13 декември 2018
 

 

Електронската платформа за родово одговорно буџетирање (rob.zels.org.mk) и Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС за 2018-2030 година, беа презентирани на состанокот на Советодавниот одбор на регионалниот проект за родово одговорно буџетирање што се одржа од 11-13 декември, 2018 година во Истанбул (Турција), во организација на UN Women. Овие две алатки што ЗЕЛС ги изработи во рамките на Проектот за родово одговорно буџетирање, подржан од UN Women, Скопје, како и промотивниот видео материјал на Општина Кочани за реализираните активности на оваа локалната власт за надминување на родовите разлики, беа претставени како добри практики од нашата земја пред учесниците на состанокот од Албанија, Босна и Херцеговина и Молдавија. Претставничката од ЗЕЛС говореше за зацртаната мисија на ЗЕЛС за поддршка на своите членки, локалните власти на патот на јакнењето на родовата еднаквост како и за имплементирањето на националните и на меѓународните политики од оваа област од страна на општините. Беа посочени повеќе добри општински практики од Република Македонија, а посебен акцент беше ставен на постигнатите успеси на Општина Кочани, како резултат на голема посветеност и соработка меѓу градоначалникот, Комисијата за еднакви можности и координаторот за еднакви можности во општината.

На состанокот учествуваа и претставници од Министерството за труд и социјална политика и од Центарот за развој и креирање на политики. Беа презентирани добри практики од другите земји како и резултатите од проектот „Чуварките на јавно ќесе“ што се реализира во Македонија, Албанија и Молдавија. Учесниците на состанокот заклучија дека е потребно натамошно јакнење на активностите на ова поле во сите четири земји, размена на добри практики и учење преку Peer to Peer, како и поголема промоција на постигнатите резултати користејќи ги традиционалните медиуми и социјалните мрежи.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forimski-moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.