ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Информација За состанок за изработка на Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот
7 декември 2017

Информација

За состанок за изработка на Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот

На 6 декември 2017 година, на покана на Министерството за транспорт и врски, по подолга пауза, се одржа состанок на работната група формирана за утврдување на нова предлог Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот. На состанокот присуствуваа претставниците на ЗЕЛС и Градот Скопје, претставници на Министерство за транспорти и врски и претставници на Комората на проценувачи. Како членови на ЗЕЛС во оваа работна група, ЗЕЛС ги покани претставниците на општините Кочани, Могила, Боговиње, Штип, Тетово, Битола и Охрид.

На почетокот на состанокот беше усогласен ставот дека предмет на работа ќе биде новата Методологија, а не разработка на постоечката. Со оглед дека новата предлог на Методологијата веќе беше предмет на разработка на низа одржани состаноци во текот на 2015 и 2016 година, овој пат беше заклучено дека е потребно уште еднаш да се разгледа последниот изготвен предлог и да се дефинираат разликите на пристапите.

Следниот состанок на работната група се закажа на 21 декември 2017 година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.