Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Гласилото на ЗЕЛС за периодот јули/октомври, 2020 година, подготвено во електронска форма
3 ноември 2020
 

Зголемување на блок дотацијата за образование за 30% и обезбедување на флексибилност во изборот на моделот што ќе го користи секое училиште во согласност со општината, беа дел од ставовите што Комисијата за образование при ЗЕЛС ги утврди на седницата одржана во месец август а кои потоа беа доставени до Министерство за образование, Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ. Истите ставови беа изнесени и на средбата што се одржа на почетокот на септември, меѓу градоначалниците и министерката за образование и наука, на која беа презентирани и насоките на МОН, за успешно стартување на новата учебна година во улови на пандемија со вирусот КОВИД -19.

Всушност, поголемиот дел од настаните што во изминатиов период ги организираше ЗЕЛС опфаќаа активности поврзани со справувањето на локалните власти во услови на оваа криза. Во таа насока и Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините иницираше седница што се одржа во просториите на ЗЕЛС, на која беше констатирано дека кризата предизвика финансиско исцрпување на општините. Присутните утврдија одредени предлог–решенија што беа разгледани од Управниот одбор на ЗЕЛС. Управниот одбор констатира дека во услови на пандемија општините имаат зголемени расходи за справување со кризата, од друга страна имаат драстично намалување на сопствените приходи, при што централната власт во четирите сета на мерки речиси и воопшто не обезбеди поддршка за нив. Беше предложено дека е неопходно да се иницираат буџетски преговори на локалната власт со Владата на РСМ, а до Владата беше испратена и иницијативата за укинување или за зголемување на сегашниот лимит за задолжување на општините пред домашни и странски банки. На седницата беше поканет министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој ги информираше присутните за новиот Предлог- Закон за постапување со бесправно изградени објект, што во изминатиот период го иницираше ЗЕЛС, а кој се наоѓа во собраниска процедура.

ЗЕЛС реализираше и низа други активности, меѓу кои за поддршка на општините во воспоставувањето на мерки за родова еднаквост, како неопходен дел од секоја општинска програма и буџет. Беше обезбедено членовите на Лоби групата за родова еднаквост на ЗЕЛС, да се запознаат со предлог решенијата за изработка на нов Закон за еднакви можности. Општините Илинден и Штип потпишаа меморандум за соработка и ќе бидат пилот општините од нашата земја во регионалниот проект „Управување со отпад од стаклена амбалажа во Западен Балкан“. Во овој период беа реализирани испити за стекнување со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште.

За овие и други активности на ЗЕЛС ќе прочитате на страници на Гласилото јули/октомври, што во услови на пандемија го подготвуваме само во електронска форма.


Гласило јули/октомври



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.