Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Искуствата од САД за вршењето на инспекциски надзор во областа на загадување на воздухот пренесени пред претставници од локалната власт
22 ноември 2019
 

 

Синди Шафер, инженерка за животна средина во државната Агенција за заштита на животна средина на САД (Environment Protection Agency EPA) на 19 и на 21 ноември, 2019 година во ЗЕЛС тренинг центарот ги пренесе искуствата за вршењето на инспекциски надзор во областа на загадувањето на воздухот, според законската регулатива на САД. Оваа обука ја организираше ЗЕЛС во соработка со Амбасадата на САД во нашата земја, на која беа повикани членовите на Мрежа за животна средина на ЗЕЛС. Искуствата што беа пренесени, во голема мера ќе помогнат и во креирањето на идни ставови на оваа Мрежата при покренувањето на одредени законски иницијативи за подобрување на заштитата на животната средина, како и на условите за инспекторирање во нашата земја.

На почетокот на презентацијата инженерката Шафер говореше за поврзаноста на загадувањето на воздухот со нарушувањето на здравјето на луѓето како и со опаѓањето на економијата во една земја, посочувајќи на трошоците за здравствено лекување, отсуството од работа на вработените и слично. Таа информираше дека според податоците на Светската здравствена организација нашата земја се наоѓа високо на листата на најзагадени земји со ПМ честички. Потоа, присутните имаа можност да слушнат како се спроведува инспекциска постапка во САД при загадување на животната средина. Беше посочено дека првенствено се започнува со таргетирање на правниот субјект врз кој ќе се врши надзор, па се врши подготовки за лична заштита на инспекторот, се утврдуваат и обезбедуваат инструменти што ќе се користат при надзорот и се подготвува „листа за проверка“ која му се испраќа на правниот субјект, најмалку три дена пред вршењето на надзорот.



Агенцијата за животна средина во САД ги категоризира правните субјекти -загадувачи по повеќе категории, меѓу кои според: зоната во која се наоѓаат, опасноста на материте што ги користат и што ги испуштаат, историјата како ,,прекршители“ на законските норми од областа на животна средина, зачестеноста на поплаките на граѓаните од нивното работење и лично. Ваквите бази на податоци со кои располага инспекторот, во голема мера му помагаат подобро да се „запознае“ со правниот субјект, пред да излезе на терен. Всушност, од тоа зависи дали инспекторот за подготовката за вршење на надзорот ќе потроши неколку дена или неколку недели, кои инструменти ќе му бидат потребни и каква опрема за лична заштита ќе земе за вршење на надзорот. Чизми, безбедносни очила, елек, ракавици, респиратор, скафандер и слично влегуваат во најосновната опрема за лична заштита. Од основните уреди се земаат: апарат за утврдување на нивото на кислород во просторијата, на јаглерод моноксид, радијација и слично. Како задолжителна подготвителна обврска за инспекторот е и подготовката на План за здравје и безбедност за итни случаи, каде мора да бидат утврдени очекувани опасности, начин како да се спречат доколку настанат, утврдена мапа за најбрзо стигнување до најблиската болница, и слично. Исто така, инспекторот задолжително подготвува и „Листа за проверка“ која се доставува до правниот субјект, неколку дена пред започнувањето на надзорот и содржи информации за се што се планира да биде предмет на надзор. Освен најавените инспекциски контроли, често е вршењето и на ненајавени контроли, кои се утврдени во согласност со закон.

Самиот надзор започнува со разговор со надлежни раководители за тоа какви материјали се користат, кој отпад се генерира, каде се депонира, каде се исфрла водата, односно се врши запознава како функционира целиот процес. Потоа се врши обиколка, кога се земаат примероци од материјалите кои се користат, од отпадот што се создава и слично, дополнително се разговара со работниците и се евидентираат податоци од поставените инструменти. Во завршната фаза повторно се организира состанокот на кој се воочуваат потенцијалните причини за хаварии, воочените нерегуларности во работењето, утврдените податоци од инструментите и сето тоа се запишува во Извештај. Записникот мора да биде прецизен, бидејќи може истиот да биде користен и во судската постапка во која учествува и инспекторот. На овој состанокот се утврдува и начинот на заштита на личните податоци, но и обврската на заштита на ,,тајните на процесот на производство“ што ги има корпорацијата .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.