ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Вкупно 127 претставници од општините се стекнаа со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште
2 јуни 2018
 Практичниот дел, односно вториот дел од испитот за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија се одржа на 31 мај, 2018 година, во Испитниот центар на Правниот факултет ,,Јустинијан Први“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Испитот го организираше ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски на Република Македонија (МТВ) . Од 132 пријавени кандидати, испитот го положија вкупно 127 општински лица. Резултатите на кандидатите беа јавно објавени веднаш по завршувањето на испитот и истите се наоѓаат на веб порталот на ЗЕЛС – zels.org.mk. Имено, кандидатите претходно го имаа положено теоретскиот дел со што практично го исполнија условот да се стекнат со потребната лиценца за да можат да ги водат постапките за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште во својата општина и воедно да ја користат софтверската апликација www.gradezno-zemjiste.mk. Со тоа поголем број општини исполнија уште еден од условите потребни за преземање и на оваа надлежност, што засега ја вршат 46 единици на локалната власт.

И практичниот испит, како и теоретскиот се полагаше електронски. Секој кандидат доби еден опис од 10-те практични случаи за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, при што под седум прашања поврзани со практичниот случај требаше да маркира по еден од понудените одговори. Кандидатите беа поделени во три групи.

На истиот ден, ( 31 мај, 2018 година) во Испитниот центар, по втор пат беше спроведен теоретски испит за сите заинтересирани кандидати кои ја проследија почетната обуката организирана во јануари и во април, 2018 година, при што беше дадена можност и за повторно полагање на испитот и на кандидатите кои не успеаја на 9 мај, 2018 година да обезбедат 70% од потребните бодови. Од пријавени 75 кандидати кои полагаа во две групи, теоретскиот испит го положија околу 50 лица. За конкретниот датум за полагање на вториот дел, односно практичниот дел од испитот, ЗЕЛС во следниот период ќе достави навремена информација до секој кандидат поединечно.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.