Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат мартовскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
3 април 2019
 

 

Управниот обор на ЗЕЛС на осмата седница донесе заклучок да се стави крај на легализацијата на бесправно изградените објекти со плаќање на едно евро по м². Ова произлезе од дискусијата за нацрт-верзијата на Предлог-законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти што го подготви Министерството за транспорт и врски. Управниот одбор утврди дека е потребно непосредно учество на претставници од ЗЕЛС во самото подготвување на предлогот на законските мерки за оваа област и дека притоа треба да се застапува ставот за овие објекти да се платат редовно предвидените комуналии, но истовремено и дополнителни пенали, како казна дека се постапувало нелегално. Управниот одбор утврди и иницијатива која ЗЕЛС ја испрати до Владата на Република Северна Македонија и до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а која се однесува на измените на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во членот 102. Беше посочено дека со измените им се ограничува правото на единиците на локалната самоуправа и се забранува тие да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со своите услуги или активности преку приватни радиодифузери. На тој начин им се отежнува на општините, особено на помалите, да го реализираат членот 8, од Законот за локална самоуправа, со кој се утврдува дека органите на општината, комисиите на Советот и јавните служби, основани од општината, се должни да ги информираат граѓаните за својата работа, како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината.

Во месец март беше посветено поголемо внимание и на активирањето на работата на комисиите при ЗЕЛС, кои се составени исклучиво од градоначалници, за разлика од професионалните мрежи при ЗЕЛС, кои ги сочинуваат претставници од општинската администрација. Од вкупно осум комисии при ЗЕЛС, чии членови беа утврдени од страна на Управниот одбор, седум одржаа конститутивна седница во текот на месец март. Комисијата за финансирање беше конституирана во претходниот период. Секоја комисија избра претседател од редот на своите членови и го утврди начинот на нејзиното натамошно работење, а пред сè ги утврди актуелните предизвици за чие соодветно решавање ќе се залага. Во овој месец, во просториите на ЗЕЛС, состанок одржа и Мрежата на територијални противпожарни единици (ТППЕ) при ЗЕЛС, која изгласа нов претседател, поради заминување во пензија на претходниот, но и разгледа низа предизвици со кои се соочуваат овие органи и самите пожарникари.

Официјално ЗЕЛС стана дел од проектот „Локалната самоуправа и промена на урбано-руралните односи – ЛоГов“, како еден од 10-те партнери на проектниот Конзорциум. Проектот се стреми кон постигнување на специфични цели, со цел јакнење на способноста на локалните власти да се справат со влијанието на урбано-руралната поделеност.

За овие и за другите активности на ЗЕЛС во овој период, ќе може да прочитате во мартовскиот број на Гласилото на ЗЕЛС.

Прилог:Glasilo Mart 2019.pdf



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.