Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
СООПШТЕНИЕ
11 април 2019
 

 

Почитувани,

Во големата сала на Советот на Град Скопје, во Скопје, на 11 април, 2019 година (четврток) со почеток во 10.00 часот ќе се одржи четиринаесеттата седница на Генералното собрание на Мрежата на асоцијации на локални власти на земјите од југоисточна Европа (НАЛАС), кога претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја преземе функцијата на претседател на НАЛАС, за период од една година.

По тој повод Ве покануваме да го проследите овој значаен настан за локалната власт, а ќе бидат обезбедени и изјави од домаќинот на овој настан, градоначалникот Петре Шилегов, како и од соодветни претставници од НАЛАС.

На седницата, освен градоначалниците од регионот, членови на Генералното собрание на НАЛАС и претставниците од асоцијациите на локална власт, ќе се обратат и словенечкиот градоначалник Дарко Фрас, актуелен претседател на НАЛАС, Амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Сутер Техада, како и заменикот на претседателот на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, Јохан Ван Ден Хојт.

На присутните ќе им се обрати и Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, кој по именувањето за претседател на НАЛАС ќе продолжи да заседава со четиринаесетта седница. Мрежата на асоцијации на локални власти на земјите од југоисточна Европа има ротирачко претседателство за период од една година. Оваа позиција Шилегов ќе ја преземе од досегашниот претседател, Дарко Фрас, градоначалник на Општина Света Тројца, од Република Словенија, а следната година, на петнаесеттата седница на НАЛАС ќе и ја предаде на Татјана Бадан, градоначалник на Општина Селемет од Молдавија.

Членовите на Генералното собрание и гостите на НАЛАС, по одржувањето на седницата ќе ја посетат Општина Велес, каде ќе се запознаат со предизвиците на функционирањето на македонските локални власти, а ќе им биде презентирана и новата Стратегија за развој 2019-2030. Следниот ден, на 12 април, 2019 година (петок), во организација на НАЛАС и Светската банка, Програма за урбано партнерство на Австрија, во хотелот „Мериот“ со почеток во 9.30 часот започне Конференцијата - „Градовите како двигатели на економскиот раст – Визија 2030“.

НАЛАС ја сочинуваат 14 асоцијации на локални власти, што претставуваат околу 9000 локални самоуправи, директно избрани од над 80 милиони граѓани во Југоисточна Европа. ЗЕЛС е членка на НАЛАС уште од самото нејзино официјално основање во 2005 година, а активно учествуваше и во нејзиното креирање, кое започна од 2001 година. НАЛАС го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за помирување и стабилизација во регионот и во тој контекст придонесува за процесот за европска интеграција на целиот регион.

Со почит, Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС

Прилог: ПОКАНА



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.