ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба во ЗЕЛС за разрешување на недоразбирањата околу предлозите за подобрување на сообраќајниот режим
11 јуни 2018
 Во просториите на ЗЕЛС, на 8 јуни, 2018 година се одржа состанок на претставници од единиците на локална власт со претставници од Министерството за внатрешни работи, од секторот на сообраќајна полиција. Овој состанок беше инициран на петтата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, што се одржа на 31 мај, 2018 година, кога одредени општини посочија на предизвиците со кои се соочуваат при изнаоѓањето на решенија за усогласувањето на сообраќајниот режим и недостатокот на паркинг простор, кои најчесто наидуваат на различни толкувања и неодобрување од страна на претставниците од МВР
 

Во дискусијата што се разви меѓу присутните претставници од општина Центар и од Градот Скопје и претставниците од сообраќајна полиција, беа потенцирани актуелните состојби во сообраќајот. Локалната власт укажа на постојаниот притисок што го има од страна на граѓаните за решавање на проблемот со паркирањето , особено во централното градско подрачје, додека од МВР посочија дека не смеат да дозволат промени со кои би се намалила проточноста и безбедноста во сообраќајот. Беше посочено, општините посебно внимание да посветат во регулирањето на сообраќајниот режим во секундарната улична мрежа. Стана збор и за можноста за иницирање на промени на постојната законска регулатива. Сепак она што произлезе од овој состанок како препорака од страна на сообраќајната полиција: локалните власти да обрнат внимание на овие предизвици уште при самото донесувањето на деталните урбанистички планови ( ДУП ) и таму да ги утврдат сите потребни промени, кои треба да се во согласност со постојните законски и подзаконски акти.

Се очекува претставниците од Работната група што беше формирана на петта седница на Управниот одбор на ЗЕЛС во состав: градоначалниците на општините Центар, Куманово, претседателот на Советот на Општина Струмица и извршниот директор на ЗЕЛС, повторно да се состане во полн состав и да донесат одредени ставови кои ќе ги достават на разгледување на Управниот одбор на ЗЕЛС .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.