ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Работилница за воспоставување на Адресен Регистер во Република Македонија
9 мај 2018
 
Претседателот на ЗЕЛС, г-дин Петре Шилегов се обрати на еднодневната работилница во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и ЗЕЛС која се одржа на 8.5.2018г. во хотел Континентал. Тема на работилницата беше “Воспоставување на Адресен регистар во Република Македонија “.

На работилницата Претседателот Шилегов, говореше за значењето на активноста за воспоставување на Адресниот регистар за локалната самоуправа. Тој ја поздрави и иницијативата за изготвување на Закон за систем на адреси, кој го изготвува меѓуресорска работна група во која се вклучени и претставници од локалната самоуправа. Конечно, со овој закон би требало да се уредат сите услови и начинот на определување на имe на улицa, булевар, плоштад, кеј и на друг инфраструктурен објект, нумерирање на објектите, поставување и одржување на табли со имиња и куќни броеви на објектите, како и начинот на воспоставување и водење на Адресниот регистар во Република Македонија.

Вака воспоставениот регистар ќе се користи од страна на планерите при изработка на урбанистичките планови, од страна на Министерството за внатрешни работи заради издавање на лични исправи но и заради оперативно функционирање согласно надлежностите, од страна на државните органи и институции во постапките на надзор, извршување, промет со недвижноста, постапки пред надлежен Суд, но и најважно, при спроведување на пописот во Република Македонија како најголема статистичка операција.

Тој истакна дека во општините спстојбите се следни: има ненумерирано објекти, нема табли и називи на улици, голем број на идентични куќни броеви во многу општини, огромен број на неевидентирани улици и друг вид на инфраструктура која постои во општините. Со ова се отежнува нормалното функционирање на сите институции но и на граѓаните. Затоа е потребно оваа состојба заеднички да се надмине со апел, со донесувањето на Законот, да се смогне енергија и да стави приоритет на оваа активност. ЗЕЛС е свесен дека капацитетите на општините се недоволни, дека е потребно огромна теренска работа на евидентирање и нумерирање на куќните бороеви, изготвување на елаборати за впишување на улиците и инфраструктурата, но тоа еднаш мора да се заврши.

На пристуните им се обрати и Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, г-дин Борис Тунџев, кој говореше за активностите на Агенцијата за катастар на недвижности во поглед на воспоставувањето на Адресниот регистар, активност која налага промени во постојната законска регулатива со цел усогласување со ИНСПИРЕ- директивата на Европската Унија, каки и техничките спецификации за адресните податоци, тереско прибирање на податоци, споредување на истите како и развој и надградба на централен софтвер за адресен регистар. Тој апелираше до општините да се организираат и да почнат со имплементирање на нивните законски обврски. Пилот проектот кој заврши во 2017 година а се спроведуваше во 4 општини (Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Свети Николе) може да биде одлична можност за општините да се применат веќе стекнатите искуствата. Тој посочи дека, Агенцијата за катастар на недвижности е подготвена да пружи техничка помош и помош со човечки ресурси заради потврдување на податоците.

На работилницата од страна на словенечки експерт беше претставен и Адресниот Регистер во Република Словенија, како е воспоставен и функционира и истакнати се научените лекции при воспоставување на истиот.

Имено, определување име на улица, булевар, плоштад, кеј и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината се врши со одлука донесена од советот на општината, а за подрачјето на градот Скопје со одлука донесена од советот на градот Скопје, а кои се должни пред донесувањето на Одлуката да го достават предлогот на согласност до Владата на Република Македонија. Листата на имиња за кои е донела Одлука заедно со добиената претходна согласност се доставува до Агенцијата за катастар на недвижности во рок од 7 дена од нејзиното донесување. Формата и содржината на листата ја пропишува Агенцијата за Катастар на недвижности како и техничката форма на внесување на овој податок во адресниот регистар на Република Македонија кој се воспоставува како единствен централен информациски систем при оваа институција.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.