Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Финализирање на протоколите за комуникација и за изработка на документи во областа на родовата еднаквост на локално ниво
18 јуни 2020
 

Работната група за родова еднаквост при ЗЕЛС одржа online работилница на 17 јуни, 2020 година. Работилницата претставува дел од активностите предвидени во рамките на Проектот „Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“ (2019-2021), што ЗЕЛС го спроведува со поддршка на UN Women, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на општините. Членови на Работната група се општински координатори/ки за еднакви можности помеѓу жените и мажите кои постигнале позначајни резултати и кои имаат поголемо искуство во работењето во оваа област во својата општина. Целта на оваа online средба беше да се извлечат релевантни насоки за изработка на квалитетни протоколи за интерна комуникација при подготовката на документи во областа на родовата еднаквост на локално ниво, како и протоколи за комуникации со јавноста, за прашања од оваа област.

Во рамките на Проектот веќе се дефинирани протоколи за изработка на стратешки документи и акциски планови за еднаквите можности во општините и истите беа презентирани на работилницата. Станува збор за протоколи за подготовка на Програма; на Буџет; на Стратегија за родова еднаквост во општината, во кои е утврдена целата постапка на „движење,, на информациите, дефинирани се каналите за комуникација; утврдени се субјектите одговорни за обезбедување на потребните податоци; начинот на изработката на родовата анализа како и процесот на доставување на документот до Комисијата за еднакви можности и до Советот на општината. Конкретно беше претставен протоколот: „Допис до секторите“- кога координаторот за еднакви можности комуницира со своите колеги од различни сектори, како и протоколот: „Допис до Советот на општината“. Беше презентиран и “Протоколот за организација на собир на граѓани/Форум“ со цел обезбедување на партиципативно учество на граѓаните во процесот на изработка на активности и програми за подобрување на родовата еднаквост во општината во согласност со нивните потреби.

Учесниците на работилницата ги оценија протоколите како практични и изразија надеж дека тие ќе им обезбедат значајна поддршка при спроведувањето на обврските, со оглед на одговорноста што ја имаат: да даваат предлози и мислења поврзани со еднаквите можности до Советот; да изработуваат извештаи за состојбата со еднаквите можности и недискриминацијата; да ја организираат работата на Комисијата за еднакви можности; да соработуваат со невладините организации и со останатите институции на локално ниво; да ја следат состојбата во оваа област и да предлагаат иницијативи и мерки за нејзино подобрување. Во таа насока, поголемиот број од присутните укажаа на предизвиците со кои се соочуваат во комуникацијата со општинската администрација и со избраните функционери во општината при извршувањето на овие обврски и при собирањето на релевантните податоци. Присутните посочија дека унифицираноста на протоколите за комуникација во сите општини и нивна претходна верификација од страна на Лоби групата за родова еднаквост при ЗЕЛС, ќе претставува важен сегмент во обезбедувањето на поголема посветеност на локалната власт во справувањето со предизвиците од родовата еднаквост. Беше истакната и потребата за изработка на протокол за собирање на родово разделени податоци во општината, за што беше договорено ЗЕЛС да организира нова работилница во текот на следниот месец.

Овие практични протоколи за комуникација и за изработка на општински документи за родова еднаквост ќе бидат поставени на е-платформата за родова еднаквост http://rob.zels.org.mk/. Исто така, тие ќе бидат споделени и со асоцијациите на локални власти во земјите од регионот (преку НАЛАС) се со цел обезбедување на нивна поширока промоција како добри искуства што може да се користат од другите општини во регионот.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.