ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Свикана третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС
26 декември 2017
 

На 26 декември, 2017 година, (вторник), со почеток во 14.00 часот, во просториите на ЗЕЛС ќе се одржи третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. На оваа седница ќе се избираат делегати во домашни и странски тела и организации, каде ЗЕЛС има свои претставници. Ќе се избираат тројца членови и нивни заменици во Советот на Европа, пото 11 членови и исто толку заменици во Комитетот на Регионите на Европската Унија и ЗЕЛС, двајца делегати во НАЛАС, пет члена во Комисијата за следење развојот на системот за финансирање на општините и тројца членови во Комитетот за градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Во Национален Совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија ќе биде избран еден претставник, исто толку членови ќе бидат утврдени и во Комитет за следење на ИПАРД-2 Програмата и во Совет за земјоделство и рурален развој, а по двајца претставници од ЗЕЛС ќе има во Комисијата за одобрување на набавка на противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари за противпожарните единици и Советот за статистика на Република Македонија при Државен завод за статистика.

На оваа седница, членовите на Управниот одбор ќе дискутираат и за систематизираните ставови на ЗЕЛС, утврдени врз основа на доставени предлози од страна на општините, а се однесуваат на сите предизвици и барања што ЗЕЛС ги упатува до централната власт за подобрување на состојбите во спроведувањето на сите префрлени надлежности на локално ниво.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.