ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на „ Гласило“ на ЗЕЛС
3 април 2018
 

Месец март изобилуваше со настани кои одеа во насока на дефинирање на заклучоци за натамошно дејствување на ЗЕЛС, за решавање на одредени предизвици со кои се соочуваат локалните власти. Беа испратени и повеќе дописи до Владата на Република Македонија, до надлежните министерства и агенции со конкретни предлози и барања во полза на општините. Управниот одбор на ЗЕЛС, на својата четврта седница, утврди одредени ставови во однос на потребата од нов стратегиски пристап на противпожарната заштита и справувањето со кризи и нивно одржливо управување, а пред се со потребата за квалитетно функционирање на противпожарните единици, кои се во надлежност на локалната власт. Беше посочено дека евентуално натамошно пролонгирање на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, може да рефлектира уште поголеми штети за општините, а стана збор и за предизвиците со примената на Законот за државни службеници, кој е многу рестриктивен во однос на правото на општината, како работодавач, да може да врши реорганизација на службениците, заради поголема ефикасност во работењето. Управниот одбор дискутираше и притоа ги прифати бројните предлози на градоначалниците од руралните општини, донесени на состанокот што тие го одржаа во просториите на ЗЕЛС, со цел обезбедување на поквалитетно спроведување на локалните надлежности во руралните средини.

Беше одржана и средба на градоначалниците со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, во Клубот на пратениците во Скопје, на која беше предложено времено преземање на обврските на општините во делот на депонирањето на отпадот. Беше посочено дека состојбата со управувањето со цврстиот отпад во целата земја е на многу ниско, супстандардно ниво, а негативните ефекти кои произлегуваат по животната средина се на товар на сите граѓани. Премиерот Заев, присуствуваше и на потпишувањето на договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС, за предавање на правото на трајно користење, управување, одржување и понатамошна тековна надградба на информацискиот систем, поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk. Овој систем го користат 46 општини, кои ги исполнија законските услови и се стекнаа со правото да управуваат со државното градежно земјиште, а заложба на ЗЕЛС е сите општини да ги исполнат условите и да ја спроведуваат постапката преку овој систем. Со тоа, ЗЕЛС доби уште една електронска алатка за поддршка на своите членки, во јакнењето на квалитетот на услуги на општините, кон своите граѓани. На овој настан, премиерот информираше дека Владата подготвува активности за обезбедување на средства за поддршка на општините кои имаат долгови, во висина од околу 120 милиони евра, со поволна каматна стапка и со отплата на подолг временски период. Исто така, тој нагласи целосно спроведување на Законот за рамномерен регионален развој, а со тоа и сто милиони евра дополнителни пари на општините, од она што досега државата го спроведувала, како и пренесување на надлежности во капитални инвестиции .

ЗЕЛС продолжи со реализација на Проектот “Зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики и буџетирање на локално ниво“ и со своите активности, обезбеди мрежата на обучувачи да се зголеми за десет нови претставнички кои своите знаења од оваа област, во следниот период, ќе ги пренесуваат на сите општини.

 



Прилог: Zels_Mart_2018_MK_ALB_ZA WEB posledno (1)1.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.