Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС е домаќин на онлајн обука (вебинар) на тема Форум за социјален дијалог, која ќе се одржи на 18 февруари 2021 година, со почеток во 11 часот.
На вебинарот ќе се говори за подобрени социјални услуги на локално ниво, со фокус на Форум за социјален дијалог како механизам за дизјанирање на социјалните услуги за ранливите групи.
Вебинарот претставува можност за унапредување на знаењата за:
· Форумот за социјален дијалог како концепт за партиципативно донесување на одлуки;
· Улогата на локалните самоуправи и клучните карактеристики на Форумот за социјален дијалог како алатка за обезбедување на социјални услуги за ранливите групи;
· Примери на форуми за социјален дијалог од земјава и регионот.
Вебинарот ќе биде организиран преку платформата Зум (ZOOM).
За следење на настанот претставниците на локалните самоуправи можат да се регистрираат на следниот линк:
https://zoom.us/webinar/register/WN_JJn9Z_BbR96pdHCsdKKTmg
Вебинарот ќе биде достапен на англиски јазик, со симултан превод на српски, албански и македонски јазик.
Вебинарот претставува активност во рамки на проектот на НАЛАС „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС и здруженијата на локалните власти од Западен Балкан во соработка и поддржан од регионалниот проект за „Социјални права за ранливи групи“. Регионалниот проект го спроведува Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Федералното Министерство за економска соработка и развој (BMZ).
Во прилог се и промотивните материјали за овој настан: тука
|