Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Јавен повик за изразување интерес на општините за спроведување на методологија за социјално мапирање
4 декември 2020
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија - ЗЕЛС започна со спроведување на проектот „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“ кој се имплемнтира во соработка со NALAS, Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа, а поддржан од GIZ, Германското друштво за меѓународна соработка.

Една од целите на проектот е зајанување на капацитетите на локалните самоуправи за интегрирање на Целите за одржлив развој и примена на принципот „Никој да не биде изоставен“ при креирање на локалните политики и буџети.

Во рамки на проектните активности, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС објавува јавен повик за изразување интерес на општините за спроведување на методологија за социјално мапирање.

Во рамките на оваа проектна активност, ќе се обезбеди поддршка на една општина за спроведување на методологијата за социјално мапирање со цел интегрирање на податоци за социјално загрозени групи во процесите на планирање и донесување одлуки во домен на социјална заштита.

Избраната општина ќе биде поканета да:

  • Учествува на обуката за социјално мапирање. Обуката се состои од 6 модули (секој модул во траење од три часа) кои последователно ќе се одржуваат во март 2021 година. Обуката ќе се спроведува на англиски јазик од страна на ГИЗ.
  • Спроведе социјално мапирање (април - јуни 2021 година). Социјалното мапирање ќе биде спроведено од локална граѓанска организација/консултантска компанија.

Покрај тоа, општината вклучена во социјалното мапирање ќе добие:

  • Стручна помош за интегрирање на клучните наоди што произлегуваат од социјалното мапирање во стратешките документи на општината во областа на социјалната заштита. Стручната поддршка ќе ја обезбеди локална граѓанска организација/консултантска компанија ангажирана во рамки на проектот (јули - септември 2021 година) и
  • Финансиска поддршка за спроведување на специфични мерки предвидени во ревидираните и ажурирани документи. Вкупната сума за оваа финансиска поддршка е 3.000 евра, што ќе се обезбеди преку локални субвенции обезбедени директно од страна на ГИЗ за избраната општина (септември - декември 2021 година).

Критериуми за проценка

Комисија составена од ГИЗ, НАЛАС и ЗЕЛС (ЗЕЛС без право на глас) ќе ги евалуира обрасците за пријавување доставени од општините, врз основа на следните критериуми:

1. Капацитетот на општината за спроведување на активности од областа на социјалната заштита;

2. Претходно искуство во спроведување на релевантни/слични активности и/или проекти:

- Усвоена и реализирана програма за социјална заштита за 2019/2020 година со специфичен буџет;

- Вклучување на општината во спроведувањето на мерките за социјална превенција, обезбедување на услуги во заедницата за ранливи категории граѓани (деца и семејства во ризик, жени жртви на насилство врз жени и семејно насилство, лица со попреченост, деца од еднородителски семејства, деца на улица и деца во социјален ризик, лица кои злоупотребуваат дрога и алкохол, стари лица, лица без лична документација, итн.), како и други мерки во областа на социјалната заштита;

- Воспоставени партнерства со институции, граѓански организации, приватен сектор и експерти со цел поддршка на ранливите категории граѓани и/или обезбедување услуги;

3. Пристапот на општината кон понатамошно подобрување на социјалната заштита на локално ниво.

Постапка за пријавување и краен рок

Заинтересираните општини мораат да го пополнат образецот за пријавување и да го достават до ЗЕЛС. Крајниот рок за доставување на обрасците за пријавување е 18 декември 2020 година. Покрај образецот, општините можат да достават документи што ги сметаат за релевантни за Повикот (програми, извештаи, линкови).

Пополнетиот образец мора да се испрати по електронски пат на следниве адреси:

contact@zels.org.mk и blagorodna.shopova@zels.org.mk со назнака во мејлот

Subject 02/2020_social mapping

ПРИЈАВА



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.