Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС формира Лоби-група за родова еднаквост составена од градоначалнички и градоначалници и претседателки на општински совети
6 ноември 2019
 

Проектот „Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“ што ЗЕЛС започна да го реализира оваа година, беше презентиран пред неколку градоначалнички, претседателки на општински совети и општински координаторки, во рамките на дводневната обука што се организираше на 3 и 4 ноември, 2019 година во Струга. На овој настан беше формирана и Лоби групата за родова еднаквост на ЗЕЛС, што претставува дел од Проектот , а е во насока на застапување на интересите на локалните родови политики пред централната власт .

На обуката присутните се запознаа со основните родови концепти, начинот на креирање на родови политики и воведувањето на родовото одговорно буџетирање во локалната власт. Беше посочено дека улогата на ЗЕЛС е мошне значајна за локалните власти и во оваа област, пред се за обезбедување на обуки за јакнење на капацитетите на локалните власти за креирање на родово одговорни политики, поддршка на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите и лобирање до централната власт за јакнење на улогата на локалната власт за воведување на родова перспектива. Исто така, ЗЕЛС ќе обезбеди и креирање и воведување на нови алатки и техники за родово разделени податоци во општините и развивање на унифицирани алатки за промоција на општинските активности за родова еднаквост преку општинските канали за информирање. Во таа насока ЗЕЛС ќе ја унапреди електронската платформа за родово одговорно буџетирање www.rob.zels.org.mk, што ја креираше стручната служба на ЗЕЛС.



Реализацијата на Проект „Кон родово одговорни општини: зајакнување на општинските капацитети за политики за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање“ ЗЕЛС го спроведува со поддршка на UN Women, како дел од Проектот ,,Унапредување на одговорните родови политики и буџети: кон транспарентно и инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија , поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој ( СДЦ) и Шведската меѓународна агенција за развој –СИДА

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.