ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Нови кандидати од општините проследија обука за стекнување со лиценца за водење на постапка за градежно земјиште
27 септември 2018
 Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на 26 септември, 2018 година, беше организирана обука за претставниците од општинската администрација заинтересирани за стекнување на овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. По објавувањето на јавниот оглас на почетокот на месец септември, од страна на Комисијата за следење на процесот на организирање и на спроведување на обука и испит за стекнување со лиценца, се пријавија вкупно 35 кандидати. Еден од условите за следење на обуката е кандидатот да достави потврда дека има статус на административен службеник од редот на раководните или стручни административни службеници.

Дел од пријавените кандидати за обука за прв пат ќе минат низ процесот за стекнување на оваа лиценца, а дел од пријавените треба да се ресертифицираат, поради истекувањето на законски предвидениот рок за важност на лиценцата, од пет години. Присутните се запознаа со сите законски одредби за спроведување на постапката за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а имаа можност и практично да минат низ целокупниот процес на електронско пријавување, надавање и следење на процесот.

Оваа година, во месец март, Министерството за транспорт и врски, му го предаде правото на ЗЕЛС, на трајно користење, управување, одржување и понатамошна тековна надградба информацискиот систем, поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk. ЗЕЛС ја доби хардверската инфраструктура, но и самиот софтвер преку кој се спроведуваат сите постапки за отуѓување или давање под закуп на градежно неизградено земјиште, сопственост на република Македонија, по пат на јавно надавање и по пат на непосредна спогодба, кои се утврдени во Законот за градежно земјиште. Досега овој систем го користат 46 општини, кои ги исполниле законските услови и се стекнале со правото да управуваат со државното градежно земјиште. Еден од овие услови е општината да има лиценцирани лица од својата администрација, кои ќе ја спроведуваат постапка, а кои претходно следеле обуки и го положиле испитот за добивање на лиценцата.

Лицата кои ја проследија обуката ќе имаат можност да го полагаат испитот и тоа теоретскиот,а потоа и практичен дел, што ќе се реализира кон крајот на следниот месец во просториите на Испитниот центар на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Кандидатите кои ја проследиле обуката ќе бидат навремено информирани за точните термини за полагање.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.