ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Иницијатива за задолжително утврдување на работно место во општината : Координатор за еднакви можности
29 ноември 2018
 

 

ЗЕЛС организираше заедничка средба на претседателите на комисиите за еднакви можности при општините, на координаторите на овие комисии и нивните заменици, а беше поканет и претставник од Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Средбата се одржа во ЗЕЛС тренинг центарот, на 28 ноември, 2018 година. Присутните дискутираа за активности кои произлегуваат од Оперативниот план на ЗЕЛС за родова еднаквост за 2018, но говореа и за имплементацијата на обврските од Истанбулската конвенција за 2019, препорачани и за општините од страна на Владата на Република Македонија. Претставничката од МТСП изнесе повеќе практични насоки за поефикасно планирање на програмите за родова еднаквост во општините и одговараше на прашања од присутните за предизвиците со кои тие се соочуваат при имплементацијата на Законот за еднакви можности. По опсежна дискусија и изнесувањето на низа предизвици со кои се соочуваат локалните власти за реализација на активности од областа на родовата еднаквост беа донесени повеќе заеднички заклучоци:

.

1. Пред МТСП, МИОА, Агенција за администрација, меѓуресорската советодавна група за еднакви можности, да се иницира задолжително утврдување на работно место, Координатор за еднакви можности во општината, што ќе се стави во систематизацијата на работни места. Целта е поефикасно и поквалитетно да се спроведуваат обемните активности од оваа област во локалната власт.

2. Советниците и вработените во општините кои работат на полето на родова еднаквост и родово одговорно буџетирање да имаат континуирани и квалитетни обуки. При тоа активна улога да има ЗЕЛС во соработка со МТСП и други релевантни институции.

3. Да се организираат почести регионални обуки и работилници, како и да се искористат можностите за меѓуопштинската соработка и во областа на родовата еднаквост

4. Во рамките на општината да се иницира формирање на меѓуресорска работна група во рамките на општината со цел поголема родова сензибилизација

5. Зајакнување на соработката со граѓанските организации за спроведување на одредени активности на општината во рамките на Програмата за еднакви можности ( креирање на дијалог и насочување на граѓанските организации кон развивање на проекти од интерес на општината)

6. Со цел обезбедување на континуитет во работата на Комисијата за еднакви можности , 20% од советниците во оваа Комисијата да се од претходниот состав







назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.