Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
6 ноември 2019
 

Циклусот од шест работилници што го организираше ЗЕЛС за претседателите на советите на општините од осумте плански региони во земјава заврши кон средината на октомври. Присутните беа информирани за улогата и активностите на Комитетот на советите при ЗЕЛС и можностите што тој ги нуди за разгледување и разрешување на предизвиците со кои се соочуваат општинските совети. Беа пренесени и ставовите на органите и телата на ЗЕЛС, а присутните беа информирани и за предлог-решенијата за продолжување на процесот на децентрализацијата. Од средбите произлезе генералниот заклучок за потребата од поголема меѓусебна соработка на претседателите на советите на регионално ново, потребата од јакнење на капацитетите на советникот и обезбедување на соодветна поддршка од општинската администрација за активностите на советот.

Во октомври заврши и циклусот од трите дебати што ги организираше ЗЕЛС и Мисијата на ОБСЕ, во насока на идентификување на клучните предизвици и утврдување на решенија за успешно спроведување на реформата на јавната администрација на локално ниво. На дебатите учествуваа претставници од одделенијата за управување со човечки ресурси од општините, секретари на општини и претставници на граѓанското општество.

Мрежата на Територијалните противпожарни единици (ТППЕ), при ЗЕЛС одржа седница на која се говореше за воспоставувањето на алармен систем 112, за масовно информирање и предупредување на граѓаните за одредена несреќа или природна катастрофа, а се дискутираше и за актуелните состојби во областа на противпожарната заштита во нашата земја.

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, општинските координатори на комисиите за еднакви можности на жените и мажите беа запознаени со новиот проект на ЗЕЛС за родово одговорни општини. Основната цел на проектот е општините да имплементираат напредни политики за родова еднаквост на локално ниво, за што е обезбедено јакнење на капацитетите на поголем број претставници од општинската администрација.

Лицата задолжени за образование во општините беа повикани во ЗЕЛС на работилница посветена на -„Предизвиците на локалната самоуправа во средното стручно образование“. Поканети беа претставници од Центарот за стручно образование и обуки (ЦСОО) кои ги изнесоа реформите во средното стручно образование, а говореа и за улогата на локалната власт во оваа област.

Во ЗЕЛС беше презентиран и „Проектот за подобрување на социјалните услуги“, со кој се обезбедува грант од 10,8 милиони евра за општински проекти за развивање на социјални услуги. Со условите за аплицирање , нои со новиот Закон за социјална заштита беа запознаени претставници од одделенијата за локален економски развој и одговорните лица во општините за прашања од областа на социјалата.

За овие и за други настани организирани во месец октомври, повеќе ќе можете да прочитате во ова издание на Гласилото на ЗЕЛС.



Прилог: glasilo okt al 2019 web boja.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.