Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за Урбанизам и Просторно планирање при ЗЕЛС ја одржа својата 3-та седница
7 јуни 2019
 

На 6 јуни, во просториите на ЗЕЛС својата трета седница ја одржа Комисијата за урбанизам, и просторно планирање на која покрај членовите на оваа Комисија, поканетите стручни лица од општинската администрација беше поканет и присуствуваше и Проф. Д-р. Мирослав Грчев, во својство на Советник на Претседателот на Владата за прашања од областа на урбанизмот и просторното планирање. Комисијата на оваа седница го разгледа текстот на Предлог – Амандманите за изменување на текстот на Предлог – Законот за урбанистичко планирање кој во моментот е во Собраниска процедура на усвојување, а по кој е закажана и јавна расправа по донесена Одлука на матичната Комисија во Собранието која го разгледува овој ЗаконНа 6 јуни, во просториите на ЗЕЛС својата трета седница ја одржа Комисијата за урбанизам, и просторно планирање на која покрај членовите на оваа Комисија, поканетите стручни лица од општинската администрација беше поканет и присуствуваше и Проф. Д-р. Мирослав Грчев, во својство на Советник на Претседателот на Владата за прашања од областа на урбанизмот и просторното планирање. Комисијата на оваа седница го разгледа текстот на Предлог – Амандманите за изменување на текстот на Предлог – Законот за урбанистичко планирање кој во моментот е во Собраниска процедура на усвојување, а по кој е закажана и јавна расправа по донесена Одлука на матичната Комисија во Собранието која го разгледува овој Закон. Комисијата го разгледа и текстот на Нацрт – Законот за градење како и Правилникот за категоризација на градбите изработен од г. Грчев. Комисијата особено се задржа на прашањето за правото на општините да формираат сопствени јавни установи за планирање на просторот како и потребните услови кои треба да се исполнат заради нивно формирање, како и прашањето за делокругот на нивната работа. Беше образложено дека приватните лиценцирани правни субјекти кои ја вршат оваа дејност организирани при Стопанските комори и Комората на архитекти и инженери остро се спротивставува на ваквиот предлог од аспект на нарушување на принципите на лојална конкуренција, со оглед дека овие претпријатија ќе бидат субвенционирани од основачот – надлежната општина. Беше дискутирано и особено важното прашање за бесплатно користење на ажурираните катастарски подлоги наменети за изработување на урбанистички планови, но дека со Законското решение се излегува во пресрет и на инсистирањето на Агенцијата за Катастар на недвижности чиј извор на приходи е во голем дел финансиран од овој надомест, па оттука, општините нема да плаќаат надомест за користење на податоците за катастарските подлоги заради планирање на просторот само при изработување на планот со неговото донесување, додека секоја понатамошна измена ќе биде финансирана како и до сега.

Со оглед дека во овој момент не е приоритетно прашањето за итно утврдување на конечна верзија на текстот на Законот за градење, Комисијата беше запозната со главните карактеристики и опфатот на текстот на овој Закон, со обврска за идно дополнително активно вклучување во неговото понатамошно разработување.

Комисијата активно ќе се вклучи во јавната расправи организирани по обата закони, почнувајќи од првата јавна расправа организирана по повод Законот за урбанистичко планирање, каде ставовите на ЗЕЛС ќе ги образложи Претседателот на оваа Комисија во Собранието на Републиката.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.