ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Делегација од Унија на општини од регионот Мармара во посета на ЗЕЛС
22 март 2017
 

 

Делегација од Унија на општини од регионот Мармара (Република Турција), предводени од генералниот секретар Џемил Арслан, на 22 март, 2017 година беше во посета на ЗЕЛС. Целта на оваа заедничка средба е во насока на натамошно зајакнување на соработката меѓу овие две асоцијации на локални власти и взаемна размена на стекнатите искуства.

Генералниот секретар, Арслан особено се интересираше за активностите на ЗЕЛС во делот на обезбедувањето на електронските услуги за граѓаните и правната и стручна поддршката што Заедницата им ја дава на своите членки, општините при нивната реализација. Тој исто така посочи дека во овој период Унијата на општини од регионот Мармара интензивно е посветена на справување со предизвиците предизвикани од бегалската криза од Сирија, односно поддршка на огромниот број жители од оваа земја кои се дојдени и подолг период престојуваат најмногу во општините од овој регион.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ истакна дека во изминатиот период, оваа криза се рефлектираше и во нашата земја, но дека централната власт во најголем процент ги превзема и предводеше сите потребни активности на ова поле. Во однос на спроведувањето на електронските услуги, Перишиќ ги информираше присутните за полезностите што ги имаат општините од нивната примена, но исто така и граѓаните и инвеститорите. При тоа укажа дека во изминатите две години ЗЕЛС своите искуства од имплементација на електронската алатка „Е- дозвола за градба“ ги пренесе и на соседните земји, Република Србија и Република Албанија, на нивно барање, и дека заинтересираност покажуваат и други земји од регионот, од Европа, но и од другите континенти. На крајот на средбата беше посочено дека соработката меѓу овие две асоцијации може да се подигне на повисоко ниво и преку реализација на заеднички проекти од областа на зајакнувањето на децентрализацијата на власта, како и размена на искуствата од имплементирање на добри практики спроведени на локално ниво.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.