ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Прва средба на работната група за подготвување на Акциски план за воспоставување на електронски систем за данокот на промет на недвижности
2 февруари 2017
 

 

Во просториите на ЗЕЛС на 1 февруари, 2017 година се одржа првата средба на работната група за подготовка на Акциски план со конкретни активности и рокови за воспоставување на електронскиот систем за размена на документацијата за потребите на данокот на промет на недвижности. Оваа Работна група се формира со цел спроведување на предложените мерки на Владата на Република Македонија за подобрување на деловното окружување, во согласност со препораките на извештајот „Doing Business 2017‘‘ на Светска банка, за скратување на времето и процедурите кај индикаторот „регистрирање на имот“, како и заради целосно почитување и примена на Законот за општата управна постапка во кој е пропишана можноста за доставување на потребната документација по електронски пат. При тоа, со оглед на искуството што ЗЕЛС го има со воспоставувањето на електронскиот систем за добивање градежни дозволи „Е-градежна дозвола“ препорачано е ЗЕЛС да формира Работна група во која ќе има претставници од Град Скопје, од општините, Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски, Нотарска комора, Адвокатска комора, Комора на овластени архитекти и овластени инженери, Комора на овластени геодети и Агенција за катастар на недвижности. Пред делегираните претставници од сите институции, ЗЕЛС го претстави нацрт -Акциониот план со активности и рокови за воспоставување на електронскиот систем за размена на потребната документација за потребите на данокот на промет на недвижности.



Сите присутни ја поддржаа идејата за воспоставување на ваков електронски систем, со чија примена се очекува намалување на времето и процедурите за регистрирање на имот и наплата на данокот на промет на недвижности и преку кој електронски ќе бидат поврзани општините како и сите други инволвирани институции во постапката. Со оваа алатка би се подобрила ефикасноста, времетраењето и интегрирањето на сите субјекти во еден единствен систем. Присутните изнесоа дополнителни предлози меѓу кои и потребата да се прошири овој систем со вклучување на евиденцијата на сите даноци на имот, а не само на данокот на промет на недвижности. Втор предлог беше, прецизно да се разгледа законската регулатива и да се утврди во кои законски одредби ќе треба да се изврши промена или дополнување, и како трет предлог беше изнесена потребата од вклучување во оваа Работна група и претставник од Комората на проценители. Беше договорено членовите да го разгледаат предлог -Акциониот план и писмено да ги достават сите дополнителни предлози до ЗЕЛС, по што ќе биде закажан и следниот состанок.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.