ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Публикуван „ Годишен извештај на ЗЕЛС за 2017 година“
16 април 2018
 Публикацијата „Годишен извештај на ЗЕЛС“ се подготвува секоја година, со цел транспарентно да бидат претставени сите активности на Заедницата, кои во текот на претходната година биле реализирани и резултатите кои биле постигнати. Сето тоа, се разбира е претставено и преку тековните приходи и расходи и дополнето со ревизорскиот извештај за 2017 година.

Во минатата година општините се соочија со низа предизвици поради ненавременото распишување на локалните избори во земјата, во првата половина на годината. Под знак прашалник беше оставено функционирањето на општините, по 15 мај 2017 година, бидејќи советниците и градоначалниците немаа законска основа за донесување на одлуки, односно потпишување на документи по овој датум. Управниот одбор на ЗЕЛС посвети неколку седници на ова прашање, а беа упатувани и јавни апели до Собранието на Република Македонија, да ги надмине предизвиците и да објави датум за распишување на локални избори и истовремено, со законски измени, да обезбеди непречено функционирање на локалната власт. Тоа беше сторено дури на 1 јуни2017 година, кога Собранието на РМ ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик на Република Македонија, каде беше утврдено дека локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври, а мандатите продолжуваат до изборот на новите советници и градоначалници.

Овие настани, реализацијата на локалните избори, како и конституирањето на општинските тела, а потоа и на телата на ЗЕЛС, предизвикаа намалени можности за лобирање до централната власт, за обезбедување на поквалитетни законски услови за спроведување на надлежностите на локалната власт. Односно, беше намален број на поднесени иницијативи од страна на ЗЕЛС за измени или дополнувања на законската регулатива, во полза на општините. Во 2017 година беа намалени и активностите на „ЗЕЛС тренинг центарот“, чија задача е обезбедување на обуки за зајакнување на капацитетите на општинската администрација. Поддршката што општините ја добиваат од „ЗЕЛС единицата за поддршка на електронските услуги за општини “ (ЗЕПЕ) и од правната служба за спроведување на електронските услуги, продолжи континуирано, а беше иницирана и изработка на ново софтверско решение, во делот на даноците на имот и финансиското управување.

Активностите на ЗЕЛС добија поголема динамика по конституирањето на Генералното собрание на ЗЕЛС, во новиот состав, како и на другите тела, а беше избрано и новото претседателство на Заедницата. Беа реализирани средби на градоначалниците со повеќе министри како и со Премиерот на Република Македонија, а средби одржаа и претседателите на општинските совети. Од централната власт беа упатени позитивни сигнали за натамошно јакнење на процесот на децентрализација. Беше посочено дека се разгледуваат можностите за пренесување на нови надлежности на локално ниво, како и за обезбедување на поголема финансиска стабилност на единиците на локалната самоуправа.



Прилог: ZELS Godishen 2017_MK_za WEB.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.